СветСи-Ен-Ен го отпушти Крис КуомоСи-Ен-Ен го отпушти водителот Крис Куомо поради поддршката за неговиот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, во борбата против обвинувањата за сексуално вознемирување на жени кои биле вработени кај него.Одлуката е донесена откако Си-Ен-Ен соопшти дека се појавиле дополнителни информации за степенот на вмешаност на Крис Куомо во одбраната на неговиот постар брат. Ендрју Куомо поднесе оставка во август, откако обвинителството соопшти дека го малтретира персоналот, објавија американските медиуми. Крис Куомо рече дека е разочаран и оти тоа не е „начинот на кој тој би сакал да заврши неговото време на Си-Ен-Ен. МИА во средата пренесе дека Си-Ен-Ен го суспендираше својот водител Крис Куомо на неодредено време, откако се појавија детали за тоа како тој му помогнал на својот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, да се соочи со обвинувањата за сексуално вознемирување, откриени претходно оваа година. Телевизиската мрежа објави дека документите објавени од њујоршкиот државен обвинител во понеделникот укажуваат на тоа дека Крис Куомо бил повеќе вклучен во одбраната на својот брат отколку што знаеле раководителите на Си-Ен-Ен. „Како резултат на сето ова, го суспендиравме Крис на неодредено време и чекаме дополнителни проценки", соопштија во средата од Си-Ен-Ен. Водителот извршил притисок врз изворите поврзани со жртвите на неговиот брат и ги информирал соработниците на гувернерот за своите сознанија, активно помагајќи да се развие одбранбен план и одговор на обвинувањата. Канцеларијата на државниот обвинител Летиша Џејмс откри дека Ендрју Куомо сексуално вознемирувал најмалку 11 жени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот.. Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter