СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
1СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
СветСи Џинпинг: Војската стана посилна во изминатата година во борбата против корупција Кинеската војска стана посилна во изминатата година во борбата против корупцијата, изјави претседателот Си Џинпинг пред кинеските вооружени сили во ретка јавна изјава за истрагите за корупција во кои се вклучени врвните генерали во земјата.Двајцата највисоки генерали во Кина беа предмет на дисциплински истраги, при што генералот Хе Веидонг беше отпуштен во октомври минатата година, а генералот Џанг Јуксија под истрага во јануари како дел од чистката на врвните офицери на кинеската војска што е без преседан во изминатата деценија. „Изминатата година беше необична и извонредна“, им рече Си на војската во виртуелно обраќање. „Народната армија го продлабочи своето политичко образование, ефикасно се справи со разни ризици и предизвици и положи револуционерен тест во борбата против корупцијата“, рече тој. Со отстранувањето на Џанг и Хе, двајцата потпретседатели на Централната воена комисија, седумчленото врвно воено раководство на Кина е сведено на комитет од само двајца - самиот Си Џинпинг како претседател на ЦМК и новоназначениот потпретседател Џанг Шенминг. Местата на другите тројца членови на ЦМК моментално се празни. Во своето виртуелно обраќање, Си ги пофали обичните војници, велејќи дека се „доверливи“. „Офицерите и војниците во сите единици на армијата, особено оние на основно ниво, решително го следат раководството на партијата, лојално ги извршуваат своите должности, се концентрираат на надминување на тешкотиите и успешно ги завршуваат сите задачи“, рече претседателот. Тагови: Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар? Нема документ. Нема извештај. Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар. Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот? Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните? По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина. Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21