Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
1Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
3Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава
СветСи Џинпинг се сретна со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, во услови на тензии меѓу Кина и ЈапонијаКинескиот лидер Си Џинпинг го прими денеска јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг во Пекинг, објавија јапонските и кинеските државни медиуми.Кјодо рече дека Пекинг е подготвен да бара заедничка основа со Сеул против Токио, во услови на тензии меѓу Кина и Јапонија предизвикани од неодамнешните забелешки на јапонската премиерка Санае Такаичи дека војската на нејзината земја би можела да интервенира доколку Кина преземе воена акција против Тајван. Се очекува двајцата лидери да разговараат за начините за подобрување на билатералните врски, нуклеарната програма на Северна Кореја и прашања поврзани со Тајван, демократски управуван остров што Пекинг го смета за своја територија. Дипломатскиот спор меѓу Пекинг и Токио избувна откако Такаичи му рече на јапонскиот парламент на 7 ноември дека нападот врз Тајван би можел да предизвика одговор од јапонската војска во поддршка на САД. Пред почетокот на неговата четиридневна посета, Ли Џе-мјунг во интервју за Кинеската централна телевизија изјави дека ставот на Јужна Кореја за континентална Кина предводена од комунистите како единствена легитимна влада на Кина и дека Тајван е дел од неа останува непроменет. Си Џинпинг и Ли Џе-мјунг последен пат се сретнаа во ноември за време на првата државна посета на кинескиот лидер на Јужна Кореја по 11 години и на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во јужнокорејскиот град Гјеонгџу. В среда, јужнокорејскиот претседател ќе посети историско место во Шангај каде што некогаш била сместена Привремената влада на Република Кореја, основана од активисти за независност за време на колонијалното владеење на Јапонија со Корејскиот Полуостров од 1910 до 1945 година. Се очекува Ли Џе-мјунг да ја посети Јапонија кон средината на јануари на самит со Такаичи, а дипломатски извори велат дека се очекува нивните разговори да се одржат во матичната префектура на Такаичи, Нара. Тагови: Јужна Кореја Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
МакедонијаСерафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра„Со денешниот договор започнуваме конкретна работа за ажурирање и комплетирање на документацијата која е потребна проектот да влезе во следната инвестициска фаза“,Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и директорот на ЈП Хидросистем „Злетовица“, Златко Стојановски, денес во Пробиштип потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции, со кој се отвора патот за практично спроведување на грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка. Грантот е наменет за подготовка на фазата 2 – наводнување и фазата 3 – производство на електрична енергија, како дел од идната инфраструктурна инвестиција проценета на околу 103,2 милиони евра. „Со денешниот договор започнуваме конкретна работа за ажурирање и комплетирање на документацијата која е потребна проектот да влезе во следната инвестициска фаза“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Тој појасни дека во следните 18 месеци ќе се ревидираат техничките студии и инженерските решенија, ќе се зајакне документацијата за безбедност на браните и ќе се подготват еколошките, социјалните и тендерските документи за следните две фази од развојот на хидросистемот. „Нашата задача е да обезбедиме квалитетна документација, целосна институционална подготвеност и проект способен навреме да премине во реализација. За таа цел државата ќе се вклучи со околу 27 милиони евра, средства што ќе ги опфатат трошоците за експропријација, ДДВ и други релевантни јавни давачки“, истакна министерот Серафимовски. Министерот информираше дека со фазата 2 е предвидено наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште во Пробиштипско и Кратовско. Фазата 3 го опфаќа хидроенергетскиот потенцијал на системот, со вкупна проектирана моќност од околу 10 мегавати и очекувано производство од приближно 48 милиони киловат-часови електрична енергија годишно. „За земјоделците од Пробиштипско и Кратовско, наводнувањето ќе овозможи производството да се планира според потенцијалот на земјиштето и потребите на пазарот, а не според количината на врнежи“, нагласи министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на придобивките, министерот истакна дека со ставањето на водата во функција на земјоделското производство се отвора простор за воведување нови култури, поефикасно користење на обработливите површини и развој на локални капацитети за откуп и преработка на земјоделски производи. „Со целосното искористување на хидроенергетскиот потенцијал, „Злетовица“ ќе придонесува и за производство на чиста домашна електрична енергија и за поголема енергетска отпорност на државата. Наша одговорност е овој систем да го довршиме и водниот потенцијал на регионот да го претвориме во конкретна вредност за земјоделството, за енергетиката и за луѓето што живеат овде“, изјави министерот Серафимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОколу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправиОколу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправи, каде што, покрај работното искуство, ќе имаат можност и за идно вработување. Ова денеска го најави министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, нагласувајќи дека недостигот од стручен кадар е сериозен проблем со кој се соочуваат дел од општините. Според Стоилковиќ, во некои локални самоуправи најмногу недостигаат економисти, правници, архитекти и друг стручен кадар. Преку практикантската програма се очекува студентите да придонесат во работата на општините, да стекнат практично искуство во институциите и на долг рок да помогнат во надминување на дефицитот од квалификуван персонал. -Недостатокот на кадар е сериозна пречка во фукнционирањето на локалните самоуправи и се обидуваме и преку оваа и преку други акции тој недостаток да го надокнадиме. На некои од студентите и практикантите претпоставувам ќе им биде интересно ќе се снајдат, на некој не, меѓутоа ако го отвориме процесот може да се надеваме дека во иднина локалните самоуправи ќе ги исполнуваат оние задачи заради кои постојат, а тоа е да биде блиска до граѓаните и да ги решава проблемите на граѓаните,- Иван Стоилковиќ – министер за локална самоуправа. Од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво велат дека студентите ќе бидат избрани согласно реалните потреби на општините , откако тие испратиле информации за профилите што им недостигаат. -Секоја општина си достави во делокругот на својата работа каков кадар е потребен, со тоа се „мечиравме“ со државните универзитети и таков тип на студенти ќе бидат пратени во таа општина. Дали економисти, дали правници, зависи од побарувањето на самата општина,- Даниела Димовска – директорка на ИНОВА. Практикантската програма ќе трае два месеци, во август и септември, а финансирањето, како што посочи Стоилковиќ, ќе се обезбеди преку Ресурсниот центар при Министерството за локална самоуправа. За учество во проектот интерес пројавиле околу 40 општини. Надлежните најавуваат дека доколку проектот даде резултати, од следната година ќе биде проширен со поголем број учесници и со можност за вклучување на приватниот сектор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс.Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор. Потенцирајќи ја важноста на стратешките проекти во енергетиката, вршителката на должност амбасадор на САД, Варнс ги истакна напорите на министерката Божиновска и Министерството насочени кон енергетска независност на земјата, кои, како што беше посочено, се клучни за создавање услови за стабилна и просперитетна држава. Министерката Божиновска на средбата информираше за текот на градежните работи во врска со изведбата на гасниот интерконектор со Грција, коешто се очекува да финишира во текот на 2027 година, а беше дискутирано и за гасното поврзување со Србија, коешто се одвива со забрзана динамика. Овие два проекти министерката ги оцени како стратешки, нагласувајќи дека тие ќе ја променат енергетската слика во регионот. Дополнително, тема на разговор беше и официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор во септември, коешто е една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа со што се обезбедува стабилна позиционираност на нашата земја во глобални рамки. „Инвестицијата во енергетиката е инвестиција во иднината. Работиме забрзано на реализација на енергетските проекти, но и на обврските согласно Реформската агенда. Се поврзуваме енергетски со регионот, а со тоа и со светот. Придобивките од проектите на коишто работиме ќе бидат видливи и опипливи, во корист на граѓаните и државата“, порача министерката Божиновска на состанокот. На средбата беше потенцирана и важноста на Стратешкото партнерство меѓу двете земји, со истакнување на заложбите за понатамошно продлабочување на взаемната соработка, како и заедничките напори за промоција на демократските вредности. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook