Си Џинпинг: Кина е подготвена да соработува со Африка за справување со последиците од конфликтот на Блискиот Исток - Канал 5

Си Џинпинг: Кина е подготвена да соработува со Африка за справување со последиците од конфликтот на Блискиот Исток

Кина е подготвена да соработува со африканските земји за справување со последиците од конфликтот на Блискиот Исток, изјави денеска претседателот Си Џинпинг за време на состанокот со претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, во Пекинг.

Си Џинпинг: Кина е подготвена да соработува со Африка за справување со последиците од конфликтот на Блискиот Исток

„Ефектите од прелевањето на конфликтот на Блискиот Исток влијаат врз африканските земји, а Кина е подготвена да соработува со локалните (земји) за заеднички да реагираат, заедно да промовираат мир и заедно да се стремат кон развој“, изјави Си , цитиран од Кинеската централна телевизија.

Тој предложи Кина и Африка заеднички да повикаат на прекин на огнот за да се стави крај на непријателствата и да ја охрабрат меѓународната заедница „да практикува вистински мултилатерализам“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднина

Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче.

Прва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднина

Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата.

Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог.

Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица во авионот, соопштија денес локалните власти.

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос.

Авионот наишол на тешкотии за време на летот и се урнал во грмушки кратко пред слетувањето, објави Би-Би-Си.

Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично изјави дека едно лице преживеало, но подоцна беше потврдено дека починало од повредите.

Идентитетите на жртвите, нивните имиња и возрасти, сè уште не се официјално објавени, објави Би-Би-Си.

Одделот за истрага на воздушни несреќи на Бахамите ја истражува точната причина за трагичната несреќа.

Бахамите, кои се наоѓаат во западниот Атлантски Океан северно од Карипското Море, вклучуваат повеќе од 700 острови и над 2.400 острови, а малите авиони се главно средство за транспорт меѓу островите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). 

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер