Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина - Канал 5

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го претстави нацртот на петгодишниот план во кој се наведени целите за земјата и владејачката Комунистичка партија (КПК).

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Си во говорот на отворањето на пленумот на Централниот комитет на ККП, „ги објасни нацрт-предлозите на раководството на партијата“ за следниот петгодишен план за национален економски и социјален развој, за периодот од 2026 до 2030 година.

Новиот петгодишен план доаѓа во време на растечки предизвици и неизвесности за Кина, вклучувајќи забавување на економијата, странски ограничувања за пристап до технологија и високи тарифи за извоз во Соединетите Американски Држави.

Планот треба да се фокусира, како што објавува Ксинхуа, на „висококвалитетен“ развој и технолошки иновации, а воедно да се обезбеди заштита на националната безбедност и пофер и поширока распределба на придобивките од економскиот раст.

-Ќе има тешкотии и пречки на нашиот пат напред, а може да се соочиме и со големи искушенија. Мора да бидеме подготвени да се соочиме со низа нови ризици и предизвици, се вели во него.

Пленумот на Централниот комитет на КПК ќе трае четири дена и ќе собере околу 200 членови на партијата со право на глас и 170 заменик-членови на Централниот комитет.

Телото ќе го одобри нацрт-петгодишниот план, но сите детали веројатно нема да бидат објавени сè додека не биде формално одобрен на следниот годишен состанок на законодавното тело, што се очекува во март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

Лидерите на земјите од Западен Балкан заедно со високи преставници на Европската унија, денеска се собираат во Тиват, Црна Гора, каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

Македонската делегациа ја предводи премиерот Мицкоски кои пред официјалните имаше средба со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц.

Со слика одиме во директно во Тиват, таму е колешката Афродита Рамос.

Афродита, за почеток како поминали средбите на премиерот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе се набавуваа опрема за подобрување на хигиената во општините

Македонските општини ќе добијат 49 нови возила за подобрување на состојбата со хигиената, во вредност од 4,2 милиони евра, а со поддршка на Светската банка.

Ќе се набавуваа опрема за подобрување на хигиената во општините

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објасни дека станува збор за 19 мултифункционални возила за урбано одржување на хигиена, 9 специјализирани камиони и 21 машина за чистење улици. Тој најави и нови разговори со мисијата на Светската банка за идни проекти.

Од овие возила, околу 40 ќе бидат наменети за Град Скопје, а како што посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градот дополнително ќе обезбеди уште четири нови возила, како и две претоварни станици кои ќе бидат поставени во Ѓорче Петров и Гази Баба, со што очекува значително подобрување на ефикасноста во транспортот и собирањето на отпадот.

-Ова е најголем инвестициски циклус во општините ќе продолжиме во следниот период, веќе разговараме со Светска банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините,- - Александар Николоски – министер за транспорт.

-Кога влеговме во град Скопје пред само 6 месеци затекнавме состојба од 16 возила, во моментов имаме од 50 до 60 возила на дневна основа кои се занимаваат со одлагање на смет, проблемот е што најголем дел од нив се стари. Очекуваме близу 40 возила за Градот Скопје од оваа набавка,- - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје.

Дополнително, според најавите на Ѓорѓиевски, за околу еден месец во Скопје треба да пристигнат 2.600 нови контејнери. Градоначалникот посочи и дека во меѓувреме биле надминати дел од финансиските проблеми во ЈП „Комунална хигиена“, меѓу кои и неисплатени плати и високи трошоци за работење.

-- На многу од микролокациите во главниот град знаете дека недостасуваат контејнери со години се непроменети, така да и тој проблем го решаваме и сметам дека од септември месец повеќе темата со отпадот нема да биде во јавноста третирана на начин како што беше до сега,- Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје.

Николоски кажа и дека во рамки на проектот за локални патишта, а со подршка од Светската банка и ЗЕЛС, од јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра, при што се реконструирани 96 улици во 72 општини низ државата, а во тек е реконструкција на уште 31 километар патишта. Ѓорѓиевски пак најави дека во наредниот период ќе се инвестира и во развојот на велосипедската инфраструктура и пешачките патеки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен Балкан

Од 2027 година повикот од Мадрид и користењето на интернет во Париз ќе ве чини исто како во Скопје – доколку иницијативата на Брисел заврши успешно, ситемот „Роаминг како дома“ ќе ги надмине границите на Западен Балкан. 

ЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен Балкан

Одлуката најмногу зависи од ЕУ, која во следните два дена ќе започне преговори со секоја од земјите, а чија намера е земјите-кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефиции, меѓу кои е и бесплатниот роаминг во ЕУ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, односно, како што изјави за Канал 5, изготвен е новиот закон за електронски комуникации, па очекува да влеземе во преговорите, да потпишеме и ратификуваме договор и догодина да го примениме системот.

-Одлуката најмногу зависи од ЕУ, на наша обврска беше апроксимација на законодавството кое што се однесува на законот за електронски комуникации и прилагодување со европскиот код, директивата код, или законот за електронски комуникации на ЕУ. Ние тие чекори како Влада веќе ги направивме и ги испративме до ЕК на мислење и по добивањето на позитивното мислење ќе го однесеме во Собрание и ќе бараме тој да се донесе. Иако сите рокови зависат од ЕУ, можам да кажам дека ние сме оптимисти дека целиот овој процес ќе се заврши оваа година и дека веќе во 2027 ќе имаме можност бесплатно да разговараме и да користиме интернет кога патуваме во државите членки во ЕУ,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Според Андоновски, проектот претставува вид на визна либерализација во дигиталниот свет од кој бенефит ќе имаат сите граѓани, но најмногу оние кои се во бизнисот и имаат почести патувања.

Овој проект претставува еден вид визна либерализација во делот на дигитализицијата, што значи дека сите Македонци кои патуваат во странство, во ЕУ, но и сите нашинци од дијаспората кога доаѓаат во Македонија ќе можат по иста цена како што плаќаат во нивните држави, по иста цена да ги користат сите услуги на телефонија, смс пораки и интернет кога доаѓаат во Македонија или нашите кога патуваат во ЕУ, и тоа многу ја олеснува комуникацијата и патувањата, а најмногу му ползува на бизнисот кој не познава граници во традиционална смисла,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Во слична насока е и СЕПА, каде пристапивме лани и веќе функционира, а со тоа на граѓаните добија помали провизии, парите од меѓународни трансфери побргу стигаат, а онлајн купувањата од ЕУ компании се полесни. Бенефитот кај фирмите е – помали банкарски трошоци при плаќања кон европски партнери, поедноставна трговија со компании од ЕУ и подобра конкурентност за извозниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер