Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби - Канал 5

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека борбата против корупцијата е битка што земјата не може да си дозволи да ја изгуби, потврдувајќи го својот цврст став во долгорочната кампања против корупцијата.

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека борбата против корупцијата е битка што земјата не може да си дозволи да ја изгуби, потврдувајќи го својот цврст став во долгорочната кампања против корупцијата што влијаеше на многу области од кинеското општество.

Во последните години, кампањата против корупцијата во Пекинг доведе до низа истраги од висок профил, што го одразува повеќе од една деценија долгиот напор на Си за искоренување на корупцијата и воведување строга дисциплина во владејачката Комунистичка партија.

Меѓу приведените минатата година беа поранешниот шеф на Комисијата за хартии од вредност Ји Хуиман, поранешниот претседател на „Чајна Истерн Ерлајнс“ Лиу Шаојун и девет високи воени функционери, вклучувајќи го и второрангираниот генерал Хе Веидонг.

Борбата против корупцијата останува тешка и комплексна, нагласи Си на почетокот на тридневната пленарна седница на Централната комисија за дисциплински инспекции на Комунистичката партија на Кина. Тој повика на „непоколебливи политики под висок притисок“.

„Корупцијата е пречка за развојот на партијата и државата. Борбата против корупцијата е одлучувачка битка што не можеме да си дозволиме да ја изгубиме и не смееме да ја изгубиме“, беше цитиран од државната новинска агенција Синхуа.

Според бројките на комисијата објавени на почетокот на јануари, минатата година биле испитани рекордни 65 високи функционери, во споредба со 58 претходната година. Листата се прошири од високи државни службеници до поранешни раководители на универзитети и државни претпријатија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Краповски: „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметници

Ансамблот „Алтус“  познат по  изведбата, афирмирањето и  зачувувањето на  класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер  беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“.

Краповски: „Охридско лето“  не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметници

Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката Елена Стојческа, кларинетистот Игор Иванов, гитаристот Роман Петиот, пијанистката Маријана Николовска, виолинистот Мартин Димитров, Александар Лаовски на виола и Паскал Краповски на виолончело.

Извонредниот виолончелист Паскал Краповски рече дека ова е трето нивно учество во рамки на „Охридско лето“, што според него, е знак за континуитет и докажани концерти кои очигледно даваат ефект за да продолжи таквиот континуитет.

-За нас, како и за секој македонски уметник, најпрестижниот фестивал во Македонија, „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж бидејќи самиот фестивал си ја носи тежината. Искуството што ние го споделуваме со публиката и тоа што ние го доживуваме е нешто што е незаменливо, нема цена, нема зборови со коишто може да се објасни. Чувството на сцена го носиме ние, го доживуваме и тоа е прекрасно, посебно во простор како црквата „Света Софија“, изјави Краповски.

На синоќешниот репертоар беа прекрасни изведби на дела од современите македонски композитори Панде Шахов, Дарија Андовска, Дамјан Темков, Ангел Спироски и Томислав Зографски, но и композиции од Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Андре Капле, Гијом Конесон, Х.Вила-Лобос, Мануел де Фаља и Астор Пјацола.

-Со оглед на тоа што ние сме ансамбл за современа музика, се трудиме да ја негуваме македонската современа класична музика како нешто квалитетно не само дома, туку да ја презентираме и надвор. Направивме една колажна програма која го опфати нашиот домен на интерес, но сепак настапуваме на фестивал којшто се одржува во лето, а без летна музика не може, додаде виолончелистот Краповски.

Ансамблот „Алтус“ кој уште од самите почетоци на своето постоење е одлично пречекан од страна на стручната јавност, во 2024 година ја доби и наградата „Георги Божиков“ што ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна Шпанија

Продолжениот топлотен бран со температури од околу 40 степени целзиусови предизвикаа шумски пожари низ јужна Европа ова лето. 

Најмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна Шпанија

Пожарникарите се бореа со пожарите во Франција, Португалија и Шпанија, при што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Најмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна шпанија, пренесува Би-Би-Си . Ова се најсмртоносните пожари во шпанската историја.

Четири од жртвите најверојатно се британци, велат властите на Андалузија.

Стотици луѓе се обидуваат да го локализираат пожарот, кој најверојатно е предизвикан од паднат далновод.

Пламените јазици потоа се прошириле во шумска област околу Лос Гаљардос, Алмерија.четири лица биле пронајдени заробени во нивниот автомобил, а осум други жртви беа пронајдени на друго место, обидувајќи се да избегаат од пламенот.

Пожарот, исто така, доведе до затворање на патишта, додека 1.000 жители беа евакуирани, според службите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Скопјани од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одобри новите цени за трите системи за снабдување со топлинска енергија во главниот град.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Најголемо зголемување од 5,96 проценти ќе имаат корисниците на ЕСМ снабдување, системот на кој се приклучени најголемиот дел од домаќинствата со централно греење во Скопје.

За корисниците на ЕСМ енергетика, познато како железарско парно, цената се зголемува за 5,18 проценти, додека корисниците на Енерџи Еколинк, поранешно Скопје Север, ќе плаќаат 3,65 проценти повеќе.

Според пресметката што ја соопшти Регулаторна, сметката за просечен стан од 60 квадратни метри ќе се зголеми за околу 140 денари месечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер