3МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
2Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
Олимписки игриШведските ракометарки набавија душеци од ИКЕА за поубав сон во Олимпиското село Шведската женска ракометна репрезентација купи душеци од ИКЕА за престојот во Париз за време на Олимписките игри.Според „Aftonbladet“, повеќето играчи на тимот нарачале душеци на сопствен трошок, бидејќи не биле задоволни од понудените во Олимпиското село. - Проблемот не е што во Олимпиското село има картонски кревети - тоа многу ни одговара. Но, душеците се тврди. Тие се многу нови и ќе биде потребно време да омекнат. Чувствувавме дека едвај чекаме и решивме добро да се наспиеме од самиот почеток, изјави ракометарката Јамина Робертс. Олимпијадата ќе се одржи од 26 јули до 11 август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМинистерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица ШаврескаМинистерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди.Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста, пред нејзината бременост трагично да заврши со загуба на плодот. Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот. По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката. Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи. Министерството за здравство останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, а особено во случаи со висок ризик, каков што е случајот на бременост со компликации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар За три и пол денари поскапуваат бензините, а дизелот поевтинува за два денари за литар. Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 100,5 денари, БС-98 за 102,5, а дизелот за 99 денари за литар. Ова се цените по новата владина интервенција со која ДДВ-то за дизелот привремено се намалува од 18 на 10 проценти. Мерката ќе важи до 28 септември, а според Владата, без неа дизелот наместо да поевтини за два, ќе поскапеше за околу пет денари – од 101 на приближно 106 денари за литар. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со намалите акцизи и данокот граѓаните и компаниите ќе заштедуваат повеќе од 250 илјади евра дневно во следните две недели, а Македонија вели, останува со најниски цени на горивата во споредба со соседните земји. За бензините засега нема намалување на ДДВ-то. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбата ќе се следи во следните две недели и по потреба ќе се интервенира. Во моментов, како што посочи, не се разгледуваат други дополнителни мерки. Новите ценовни шокови, сепак, може да се одразат и врз државната каса. До крајот на неделата Кочоска најави и состанок со двете инситуциите задолжени за буџетските приходи - Царинската управа и Управата за јавни приходи, по што ќе се проценува дали ќе биде потребен нов ребаланс на Буџетот или ќе се прави само пренамена на дел од средствата. Ваквиот развој на енергетската криза, според министерката, не бил предвиден при подготовката на актуелниот ребаланс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денариОваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно закон, она линеарно, се повлекува и критиките од опозицијата дека пензионерите се заборавени, изјави: „Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе. Е сега да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ. Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“- истакна премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter