Шведска нов светски првак во хокеј на мраз - Канал 5

Шведска нов светски првак во хокеј на мраз

Ко-домаќинот на Светското хокеарско првенство Шведска го освои златниот медал, откако синоќа во „Глобен“ во Стокхолм ја победи Швајцарија со 5:1.

Шведска нов светски првак во хокеј на мраз
Швајцарците први со гол го отворија финалниот дуел по само пет минути игра, но шведските репрезентативци постигнаа два гола во првата третина и на пауза заминаа со водство од 2:1.

Во вториот период немаше голови, а победата на новиот светски првак беше потврдена во третиот период.

За Шведска ова беше деветти шампионски трофеј од Мундијалите, додека Швајцарија за првпат по 1953 година освојуваат медал.

Во натпреварот за третото место САД по изведување на пенали го победи вториот ко-домаќин на СП, Финска со 3:2 по изведување на пенали.

За МВП на првенството е прогласен дефанзивецот Роман Жоси (Швајцарија), најдобар голман беше Јонас Енрот (Шведска), додека Петер Контиола (Финска) го доби признанието за најдобар офанзивец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот сопруг

Семејна расправија во Велес синоќа завршила со обид за убиство, откако  триесетгодишна жена му забила нож во градите на нејзиниот вонбрачен партнер.

Уапсена велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот сопруг

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во нивниот семеен дом, а повредениот маж бил пренесен во велешката болница, каде првично му била укажана лекарска помош. Од болницата брифираат дека на прием бил свесен, направени се снимки кои упатувале на животозагрозувачка состојба поради што е дадена соодветна терапија и триесет и седумгодишникот итно е препратен во Скопје. Сега е хиспитализиран на Торакална хирургија. Ножот продрел до белите дробови, но нема крварење, пациентот е стабилен и надвор од животна опасност, велат за Канал 5 од Клиниката. Во меѓувреме жената е лишена од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, потврдуваат од СВР Велес.

-Полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица.- Ана Милевска Ѓеоргиева – СВР Велес

Во тек е истрага за да се утврдат сите околности под кои дошло до нападот, по што ќе биде донесена одлука за натамошната постапка, а по целосно расчистување и документирање, против жената ќе биде поднесена кривична пријава за „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик кој предвидува затвор од најмалку 10 години или доживотно.

Од СВР Велес за Канал 5 потврдија дека претходно имало регистриран инцидент помеѓу мажот и жената. Лани во декември во угостителски објект сега повредениот и се заканувал на партнерката која сега му забила нож во градите, а тогаш тој завршил во полициска станица поради сомнежи за сторено дело „загрозување на сигурноста“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затвор

На обвинителна клупа во четврток седнува 25-годишниот сериски убиец од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. 

Во четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затвор

Судењето ќе се одржува во Основниот суд Куманово, каде ќе се расплетува случајот што ја вознемири јавноста, откако по неколкумесечна истрага беа откриени низа тешки злосторства. Од Обвинителството информираат дека бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, на обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Според обвинителниот акт, делата ги извршил од ниски побуди, со намера да ги задоволува своите полови страсти врз мртви женски тела.

Првото убиство, според обвинението, го извршил ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Влегол во домот на повозрасна и немоќна жена додека таа спиела, ја нападнал и почнал да ја задушува. Од здобиените повреди и неможноста да дише, жената починала.

Неколку месеци подоцна, во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година, во селото Драгоманце, според обвинителниот акт, на сличен начин го извршил и второто убиство. Повторно жртва била повозрасна жена.

Третото убиство, според Обвинителството, го извршил во ноќта меѓу 17 и 18 јануари 2026 година во Старо Нагоричане. И во овој случај, обвинението тврди дека жртвата била нападната и усмртена на сличен начин.

Само неколку недели подоцна, во ноќта меѓу 5 и 6 февруари 2026 година во Челопек, обвинетиот, според обвинителниот акт, лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жена.

Во меѓувреме, според обвинението имало и 2 обиди за убиство со умисла, еден лани и еден годинава, двете во село Челопек, но жртвите успеале да се спасат..

Случајот почна да се расчистува на почетокот на годинава, по неговото последно убиство. Првично истрагата се водеше за едно убиство, но по дополнителни криминалистички истражувања и ексхумации беа откриени и останатите жртви.

Дополнително, Обвинителството ја проверува и евентуалната одговорност на полициски службеници и лекари, откако дел од смртните случаи претходно биле евидентирани како природна смрт, без да биде извршена обдукција. Според истрагата, токму тоа оставило простор обвинетиот да продолжи со извршување на делата, се до неговото откривање и апсење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките

Клексанот од 1 јули е на позитивната листа со уште два лека антикоагуланти „надопарин“ и „ривароксабан“ кои се достапни во аптеките, соопшти првиот човек на фондот Сашо Клековски.

Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките

Тој потендира дека двата лека кои чинат од 1.100 денари до 2.700 денари во зависност од дозата се достапни си партиципаија од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде без доплата. Осигурниците имаат право да го изберат лек и без допалта. Изјава Сашо Клековски

„Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од 2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. ​Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“, кажа Клековски.

Доколку има проблем и од аптеките не ги издаваат лековите за што се жалат граѓаните дека им било кажано дека ги нема, веднаш да пријават во фондот, поради интерноста на аптеките од 1 до 15 јули ќе се прифаќаат рефундации за антикоагулансите.

Клековски е кандидат за нов министер за здравство една од задачите е со идниот директор на фондот за здравство, Златко перински, ќе работат на усогласување за следните лекови на позитивна листа, меѓу кои ќе има за хронична опструктивна болест, за астма, за синдромот на хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетeс, срцеви слабости.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер