Шварценегер сподели пет фитнес совети за почетници - Канал 5

Шварценегер сподели пет фитнес совети за почетници

Доколку штотуку го започнувате вашето фитнес патување, тешко е да знаете од каде да започнете.

Шварценегер сподели пет фитнес совети за почетници

Затоа Арнолд Шварценегер доаѓа на помош. Легендата на бодибилдинг неодамна ги изненади корисниците на Редит кога се појави на форумот „Прашај ме што било“. Таму одговараше на прашањата на обожавателите за неговиот дневен распоред за вежбање, за неговиот омилен рецепт за протеински шејк и за придобивките од вежбањето во јавна теретана.

Седумкратниот победник на натпреварот г. Олимпија одговараше на прашања пет часа и сподели пет фитнес совети за почетници.

"Мојот совет до почетниците е едноставен: започнете. И потоа не застанувајте додека не ви стане рутина. Тој прв чекор е најтежок", напиша тој.

Тој советува да започнете со 30-минутни прошетки. Ги советува оние кои веќе пешачат да додадат склекови и чучњеви во својата рутина. За почеток, направете пет склекови и пет сквотови. Тогаш нека бидат четири склекови и четири сквотови.

"Одморете се ако треба. Продолжете со три склека и три чучнувања, потоа два и два и на крајот еден и еден. На тој начин ќе направите 15 склекови и 15 чучнувања во еден ден", предложи тој и забележа: " Ако беше лесно, следниот пат почнете од 10“.

Ѕвездата на „Терминатор“ верува дека мотивацијата е минлива, додека рутината е она што нѐ одржува. Затоа тој предлага по 10 минути тренинг секој ден во текот на еден месец, по што времето треба да се зголеми на 15 минути за следниот месец.

„Вежбањето мора да стане рутина.“

Едно лице го прашало Шварценегер дали е корисно да се следи напредокот за време на вежбањето и како го прави тоа.

„Го следам секој мој тренинг. Бројот на повторувања го означувам на таблата во теретана“, признал актерот.

Шварценегер е поборник на забрана на користење на мобилни телефони за време на вежбање. Имено, едно истражување покажало дека користењето телефон пред вежбање може да ја намали силата за речиси 30 проценти.

За оние кои штотуку започнале со фитнес, Шварценегер препорачал внесување на протеини во исхраната, особено за оние кои се обидуваат да добијат мускули.

„Фокусирајте се на едноставните работи. Јадете протеини со секој оброк. Пробајте го тоа еден месец. Секогаш кога ставате храна во уста, погрижете се да има извор на протеини во неа“, додал тој.

Омилена храна за одржување на мускулната маса му се омлетите или матените јајца со зеленчук. За појадок ужива и во јогурт со гранола, а како ужина избира бадеми или протеински шејк.

„За вечера имам само супа од зеленчук“, тврди тој.

Што се однесува до неговиот омилен рецепт за протеински шејк, Шварценегер избира протеински прав, банана, бадемово млеко, малку сок од цреша и неколку капки ракија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Поддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. 

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел.

“Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски.

Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје.

“Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски.

На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер