Шварценегер се потсети на моментот кога на сопругата ѝ кажал дека има дете со чистачката(ВИДЕО) - Канал 5

Шварценегер се потсети на моментот кога на сопругата ѝ кажал дека има дете со чистачката(ВИДЕО)

Арнолд Шварценегер се отвори за моментот кога ѝ кажал на својата поранешна сопруга Марија Шрајвер дека ќе има дете, синот Џозеф Баен, со нивната куќна помошничка Милдред Баен.

Шварценегер се потсети на моментот кога на сопругата ѝ кажал дека има дете со чистачката(ВИДЕО)

Тој рече дека тогаш мислел дека Џозеф е син на сопругот на Милдред и затоа таа продолжила да работи за нивното семејство, но како што одминувало времето станувало се појасно дека тој е таткото. „Во тоа време само се прашував: „Како да го сокријам ова?“, се сеќава актерот.

Тој ѝ признал сè на сопругата дури во 2011 година за време на терапија со брачен советник, кој му рекол дека Марија мора да знае дека тој е татко на Џозеф. „Мислев дека срцето ми застана. И тогаш ја кажав вистината. „Да, Марија. Џозеф е мој син. Ја здроби“, опиша тој.

Аферата била откриена истата година и Шрајвер веднаш потоа поднела барање за развод. Во документарецот на Нетфликс „Арнолд“, Шварценегер ја нарече аферата својот најголем неуспех и рече дека ќе мора да живее со неа до крајот на својот живот.

„Му предизвикав преголема болка на моето семејство поради моето за*бување. Сите тие мораа да страдаат. Марија мораше да страда, децата мораа да страдаат, Џозеф, неговата мајка, сите“, рече тој. Тој додаде дека тој и Шрајвер сепак успеале да останат во добри односи.

Тој исто така рече дека Џозеф е голем човек и дека иако аферата била погрешна, тој не сака неговиот син да мисли дека не е добредојден. „Џозеф стана извонреден млад човек“, опиша ѕвездата на „Терминатор“.

YouTube video

Да потсетиме, Марија Шрајвер неодамна за време на гостувањето во подкастот „Making Space“ со Хода Котб призна дека по разводот со актерот отишла во манастир. Таа зборувала за тоа колку ѝ бил тежок процесот на развод. „Отидов во манастир, затворен манастир, за да молчам“, изјавила таа.

Марија, телевизиска новинарка и внука на претседателот Џон Ф. Кенеди, беше во брак со Арнолд 25 години. Тие се разведоа во 2011 година, а заедно имаат четири деца. Шрајвер моментално работи за NBC.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Антропик“ собра рекордни 107,3 милијарди долари, вредноста достигна 1,5 билиони долари

Американската компанија „Антропик“, која стои зад четботот „Клод“, постави нов светски рекорд со најголемата почетна јавна понуда на акции во историјата.

„Антропик“ собра рекордни 107,3 милијарди долари, вредноста достигна 1,5 билиони долари

Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), производител на четботот „Клод“ (Claude), реализираше рекордна иницијална јавна понуда на акции (ИПО), преку која обезбеди 107,3 милијарди долари, вклучувајќи го и приватниот пласман.

Компанијата продаде 956,4 милиони акции по цена од 83 долари, додека седумтемина коосновачи продадоа дополнителни 23,6 милиони акции. Цената беше повисока од првично планираниот опсег од 70 до 78 долари.

Со берзанското деби, вредноста на „Антропик“ достигна околу 1,5 билиони долари, со што компанијата се вброи меѓу 15-те највредни котирани компании во светот.

Anthropic е основана во 2021 година, а ја основале поранешни лидери на OpenAI. Денес, овие две компании се меѓу главните конкуренти во битката за превласт во секторот на вештачката интелигенција.

Според текстот, OpenAI не очекува да излезе на берза пред следната година. Освен него, Anthropic се соочува со конкуренција од Google, американски и кинески стартапи и бизнисот со вештачка интелигенција на SpaceX. Финансиските извештаи откриваат дека Антропик веќе има преземено долг од 6,2 милијарди долари, што компанијата го опишува како „значаен“. И покрај високата пазарна вредност и интересот на инвеститорите, компанијата сè уште работи со загуба според стандардните сметководствени правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк.

Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен.

Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија?

Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите?

Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ.

Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра.

Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа.

Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема.

Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат.

Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир.

Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите?

Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат.

Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија.

Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон.

Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки.

Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие.

Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови

 Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка.

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии.

Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година.

Средстава Владата ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер