Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари - Канал 5

Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари

Австриско-американскиот глумец Арнолд Шварценегер е можеби најпознат како „Терминатор“, но ниеден филм од тој серијал филмови, вели, не му го донел најголемиот исплатен хонорар, т.е. заработка.

Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари

Имено, во своето последно интервју од понеделникот - 23 јуни, скоро 78-годишниот актер откри дека филмот „Близнаци“ (1988) бил финансиски најуспешен за него.

- Отидовме „до таванот“ со тој филм!, нагласи Шварценегер.

Тој веднаш потоа појасни дека за тој филм не добил плата однапред, туку договорил заработка по процент. Значи, некогашниот бодибилдер ги добива парите откако снимањето и продукцијата завршиле, а филмот почнал да се прикажува ширум цел свет.

YouTube video

Во „Близнаци“, Шварценегер и Дени Девито глумат генетски манипулирани близнаци кои се разделени при раѓање и подоцна повторно се среќаваат.

- Продолжението требаше да се вика 'Тројки', но не беше направено, бидејќи режисерот - Иван Рајтман почина непосредно пред да почнеме со снимањето на филмот, додаде Шварценегер.

Прашан, кој од филмовите „Терминатор“ би го оценил како „најмалку омилен“, глумецот одговори:

- Би рекол дека најлошиот е, веројатно - број четири, бидејќи тој (филм) е направен во времето кога бев гувернер, па не бев дел од него... Како правиш филм „Терминатор“ без јас да бидам во филмот како Терминатор? Нема никаква смисла.

„Терминатор 4: Спасение“ од 2009 година, со Кристијан Бејл во главната улога, е единствениот филм во серијалот од шест дела, каде што Шварценегер нема своја улога.

Инаку, „Терминатор 2: Судниот ден“ (1991) досега има вкупна заработка од околу 520 милиони долари. А пак, „Близнаци“, според „Бокс офис моџо“, досега има заработка од над 216 милиони долари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер