18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети
218 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети
3Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ЖивотШварценегер како „диригент“ на „Октоберфест“ во МинхенВо Минхен, Германија се одржува „Октоберфест“ - можеби најпознатиот фестивал на пивото во светот. И годинава, милиони посетители не ѝ одолеаја на приликата за повеќедневната забава со традиција долга повеќе од два века, па тука е и легендарниот „Терминатор“. Арнолд Шварценегер, инаку Австриец по потекло, повторно диригираше со оркестарот пред гостите во салата „Марстал“. Инаку, беше придружуван од неговата девојка, 28 години помладата физиотерапевтка од Калифорнија - Хедер Милиган, со која се запозна пред 12 години, кога се опоравуваше од операцијата на рамото. Тој притоа изјави дека „Октоберфест“ е убедливо најдобриот фестивал во светот. Холивудскиот глумец и бодибилдерска легенда е редовен посетител на „Октоберфест“. Но, се чини дека ова време од годината тој отстапува од својата 80 отсто веганска исхрана, до којашто, како што сам вели, се придржува за да го држи холестеролот под контрола. Инаку, неговото присуство како „диригент“ на „Октоберфест“ - е своевидна традиција што трае веќе неколку години. И покрај зголемените безбедносни мерки поради заканите од терористички напади и детекторите за метал на влезовите, саемот на пивото и баварски колбаси оваа година треба да го посетат околу шест милиони луѓе. Цените, веќе вообичаено, секоја година се зголемуваат, па литар пиво сега чини 15 евра. „Октоберфест“ се затвора на 6 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМилиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи. İran'ın başkenti Tahran'da yüz binlerce kişi, ABD ve İsrail'in düzenlediği saldırılarda öldürülen Ali Hamaney'i uğurluyor. 🛑 Hamaney'in cenazesinin akşam ezanından önce Kum kentine ulaştırılması bekleniyor... pic.twitter.com/1sNPjIBAys — Taha (@Taha_Sivas_5858) July 6, 2026 Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи. İran'ın başkenti Tahran'da yüz binlerce kişi, ABD ve İsrail'in düzenlediği saldırılarda öldürülen Ali Hamaney'i uğurluyor. 🛑 Hamaney'in cenazesinin akşam ezanından önce Kum kentine ulaştırılması bekleniyor... pic.twitter.com/1sNPjIBAys — Taha (@Taha_Sivas_5858) July 6, 2026 Тагови: Али Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Свет18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракетиНајмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтранците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“„Безбеден град“ евидентирал над 33.000 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки до крајот на мај, информриаат од МВР.Тие досега не ги плаќаа казните, но министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави дека тоа ќе се промени. - Брзо ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила “, кажа Тошковски и најави дека казните на странците ќе им бидат врачувани на граничните премини при излез од земјава. Додека не заврши надградбата на системот, возачите кои возат брзо по македонските автопати со возила со странски сообраќајни таблички, ќе бидат казнувани само од полициските службеници „пресретнувачи“ кои според МВР се во континуитет присутни на коридорите 8 и 10.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook