Шварценегер: Имигрантите во САД се гости - Канал 5

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако  изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“.

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“ и да вложат максимални напори за да ѝ се оддолжат на земјата.

- Клучната работа, во истовреме, е тоа што мораме да ги правиме работите законски! Тоа е најважното, знаете!?, додаде тој.

Во разговорот за тоа како Шварценегер би се справил со сегашната состојба со немирите во Калифорнија доколку сè уште беше гувернер, водителката Џој Бехар истакна дека во еден миг и самиот австриско-американски глумец бил имигрант. Шварценегер одговори дека „имал големо искуство со доселувањето и останува благодарен за животот што го имал во Америка“... Но, исто така, тој додаде дека имиграцијата треба да се случува на „вистинскиот начин“, пренесува „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment).

- Треба да ги правите тие работи според прописите. А оние луѓе кои прават нелегални работи во Америка - тие се странците, тие не се паметни. Бидејќи, кога ќе дојдете во Америка, Вие сте гости. И треба да се однесувате како гости... Како кога одам во нечија куќа - како гостин, тогаш ќе направам сѐ што можам - да ги чувам работите чисти, да го наместам креветот и да направам сѐ што е правилно... Наместо да направам кривично дело, или да навредам некого, или нешто слично, истакна Шварценегер.

Поранешниот политичар притоа ги охрабри доселениците „да ѝ се оддолжат на Америка за нивниот подобар живот“ со тоа што ќе направат нешто „без пари“ во нивната нова заедница.

- Тоа е точно. Но, Арнолд, не заборавајте дека 90 отсто од луѓето што доаѓаат овде се обидуваат да ја направат вистинската работа, се надоврза водителката и глумица Вупи Голдберг. - И многу од она што се случува во мигов е тоа дека луѓето се грабнуваат, а не треба да бидат грабнати, и се носат вон земјата. Тоа се луѓе кои имаат визи, луѓе кои ги имаат сите тие работи. Значи, ние ги сакаме сите вистински луѓе. Не сакаме луѓе кои прават лоши работи, додаде водителката.

Следејќи ја мислата на Вупи, нејзината со-водителка Асунсион Хостин изјави дека е помалку веројатно тоа имигрантите да извршат злосторства во САД, отколку граѓаните родени во оваа држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осло ги забранува „паметните очила“ во училиштата: Децата нема да бидат статисти на Мета

Градските власти во главниот град на Норвешка, Осло, ги забранија паметните очила во училиштата, велејќи дека не сакаат децата да станат „додатоци во собирањето податоци на Мета“. 

Осло ги забранува „паметните очила“ во училиштата: Децата нема да бидат статисти на Мета

Забраната важи во текот на целиот училишен ден и се однесува на сите образовни нивоа, објави градската администрација.

„Ние, политичките претставници, мора да имаме храброст да бидеме искрени за тоа за што всушност станува збор: една од најбогатите компании во светот издаде производ чиј бизнис модел е целосно базиран на фактот дека е невозможно да се знае кога некој ве снима“, рече заменик-градоначалничката за образование, Џули Ремен Мидгарден.

„Во Осло, не прифаќаме нашите деца да станат додатоци во собирањето податоци на Мета“, додаде Џули Ремен Мидгарден во соопштението.

Критика до владата за бавноста

Мидгарден, локален конзервативен функционер, ја критикуваше левичарската влада за разгледување на забрана за препознавање лица на вакви очила. Владата најави формирање експертска група која треба да смисли начини за заштита на јавноста.

„Овие очила се продаваат во Норвешка денес, се користат во норвешките училишни дворови денес и проблемот е присутен сега. Анализирањето на проблемот не значи дејствување“, рече таа. Забраната во училиштата во Осло стапи на сила на 27 август, но објавата беше одложена до денес поради политичко затишје договорено од норвешките партии по смртта на кралот Харалд V на 28 август.

Паметните очила можат да снимаат фотографии и видеа, да пуштаат музика, да овозможуваат телефонски повици, да преведуваат титлови на странски јазици, да прикажуваат текст или мапи во видното поле и да овозможуваат користење на вграден асистент за вештачка интелигенција. Мета, исто така, наводно развила функција за препознавање лица што би можела да се вгради во своите паметни очила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Нуклеарната доктрина на Русија не е само „навестување“, а Москва има целосно право да одговори на критичните закани за нејзиниот суверенитет, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија. 

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“.

„Ова не е тактика на заплашување, туку реалност. Нуклеарната доктрина на Русија, според која земјата го задржува правото да користи такво оружје доколку нејзината безбедност е загрозена, тешко може да се опише како обична навестување“, рече тој.

Појаснети правила за употреба

Медведев, поранешен руски претседател и премиер, рече дека се дадени важни појаснувања на документот. Тие ги специфицираат условите под кои Русија би користела нуклеарно оружје и го прошируваат списокот на воени закани што би можеле да доведат до таква употреба.

Тој потсети дека „агресијата“ од која било ненуклеарна држава против Русија или Белорусија, со учество или поддршка на нуклеарна сила, се смета за напад врз двете земји. Русија и Белорусија формално се федерална држава од 1999 година.

„Имаме целосно право да одговориме на критична закана за нашиот суверенитет. Конечната одлука ќе ја донесе шефот на државата“, рече Медведев.

Обвинувања против Западот

Тој го обвини Западот дека се обидува да го доведе светот до „работ на нуклеарна апокалипса“. Нападите врз руските градови ги нарече „агресивни дејствија што еден ден би можеле да предизвикаат Трета светска војна“.

Тој рече дека воените капацитети на Русија ќе дозволат напади врз Киев и клучните цели на НАТО, по што „ниту еден камен нема да остане непревртен“. „Сепак, тоа би била точка од која нема враќање за целата планета, не само за завојуваните страни. Свесни сме за нашата одговорност за судбината на човештвото и правиме сè што можеме за да спречиме глобална катастрофа“, рече тој.

„Сепак, нашето трпение не е бесконечно. Таа последна опција останува последно средство што треба да се користи само кога сите други мерки не успеале. Денес, ние сме само на неколку чекори од тоа - само неколку секунди на „часовникот на судниот ден““, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?

Финалето на Светското првенство во 2030 година ќе се одржи недалеку од Казабланка, изјави во четврток претседателот на Кралската мароканска фудбалска асоцијација. 

Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?

ФИФА сè уште официјално не го објави местото на одржување на финалето, додека Шпанија и Мароко се натпреваруваат за домаќин на најголемиот фудбалски натпревар.

„Провинцијата Бенслиман ќе ја има честа да биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година“, изјави Фузи Лекџа во четврток на состанок на политичка партија во мароканскиот град Бузники, пренесува ЕФЕ.

Бенслиман е град на 60 км од Казабланка и место каде што се наоѓа стадионот „Хасан II“ вреден 12 милијарди долари. Стадионот се гради за потребите на Светското првенство и има планиран капацитет од 115.000 гледачи. Тоа ќе биде најголемиот стадион во светот посветен исклучиво на фудбал.

Инфантино му даде ветување на Мароко?

ФИФА во август изјави дека медиумските извештаи дека претседателот Џани Инфантино му го ветил финалето на Мароко се „неточни и погрешни“.

Следното Светско првенство ќе биде уникатен настан бидејќи натпреварите за прв пат ќе се одржат во шест земји на три континенти. Додека првите три натпревари ќе се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај, Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат домаќини на поголемиот дел од турнирот. ФИФА сè уште не ги финализирала сите градови домаќини на натпреварите, но и Мароко и Шпанија сакаат да бидат домаќини на финалето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер