Швајцарскиот претседател за ослободувањето на Морети: Политиката не смее да се меша во работата на судството - Канал 5

Швајцарскиот претседател за ослободувањето на Морети: Политиката не смее да се меша во работата на судството

Италија соопшти дека бара „вистина и правда“ за жртвите, меѓу кои имало и италијански државјани.

Швајцарскиот претседател за ослободувањето на Морети: Политиката не смее да се меша во работата на судството

Швајцарскиот претседател Гај Пармелин изјави дека може да разбере дека ослободувањето од притвор од страна на судот на ко-сопственикот на барот во Кран-Монтана, Жак Морети, во кој 40 лица загинаа во пожар за време на новогодишната прослава, е скандал, но дека Швајцарија „има различни процедури од Италија“ и дека политиката не смее да се меша во работата на судството.

„Мораме да ја почитуваме поделбата на властите, а политиката не смее да се меша. Судскиот систем мора транспарентно да ги спроведува своите истраги и да плаќа за евентуални грешки. Истото важи и на политичко ниво“, додаде Пармелин во видео објавено на веб-страницата на весникот Блик, објави денес АНСА.

Во Кранс-Монтана вчера Пармелин се сретна со семејствата на италијанските жртви од пожарот во барот „Констелејшн“, кој, според резултатите од истрагата, бил предизвикан од прскалки во шишиња шампањ, кои келнерите ги држеле високо над главите за време на службата на 1 јануари, кога пожарот ја зафатил звучната изолација на таванот на просторијата.

Судот во Вале вчера го ослободи ко-сопственикот на барот „Констелејшн“, Жак Морети, откако плати кауција од 200.000 франци, и му забрани да ги напушти швајцарските територии со обврска да „ги предаде сите свои лични документи“ и секојдневно да се јавува во полициската станица, по што Италија го повика својот амбасадор во Швајцарија на консултации.

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, и шефот на дипломатијата, Антонио Тајани, му наредија на амбасадорот Џан Лоренцо Корнадо да се врати во Рим и официјално да протестира против одлуката на швајцарскиот суд, наведувајќи ја сериозноста на наводните злосторства, ризикот од бегство и загриженоста за можно фалсификување на докази, објави бриселскиот портал Политико.

Италија соопшти дека бара „вистина и правда“ за жртвите, меѓу кои имало и италијански државјани.

Швајцарското обвинителство покрена истрага против сопственикот на барот под сомнение за убиство од небрежност, телесни повреди и палење, во кое беа повредени 116 лица, претежно млади луѓе и тинејџери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер