Швајцарски министер: САД и Израел го прекршија меѓународното право со нападите на Иран (ВИДЕО) - Канал 5

Швајцарски министер: САД и Израел го прекршија меѓународното право со нападите на Иран (ВИДЕО)

Нападите на САД и Израел врз Иран го кршат меѓународното право, изјави швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер во интервју објавено денеска.

Швајцарски министер: САД и Израел го прекршија меѓународното право со нападите на Иран (ВИДЕО)

Нападите на САД и Израел врз Иран го кршат меѓународното право, изјави швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер во интервју објавено денеска, станувајќи последен во низата европски лидери кои изразија загриженост за конфликтот, објави Ројтерс.

Правните експерти предупредуваат дека многу земји ќе ги сметаат нападите за неоправдани според Повелбата на Обединетите нации, која бара од земјите-членки да се воздржат од употреба или закана со сила без одобрение од ОН, освен во самоодбрана.

„Федералниот совет го смета нападот врз Иран за кршење на меѓународното право“, рече Пфистер, зборувајќи во име на швајцарската влада. „Според нас, тоа е кршење на забраната за насилство“, додаде тој, повикувајќи ги сите вклучени страни да престанат да се борат за да ги заштитат цивилите.

Прекршување на забраната за насилство

Пфистер појасни дека неговата проценка важи за сите земји кои не се придржуваат кон забраната за насилство, вклучувајќи ги САД и Израел. „Американците и Израел го нападнаа Иран од воздух. Со тоа, тие, како и Иран, го прекршија меѓународното право“, рече тој.

Неговите коментари го одразуваат ставот на германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбаил, кој за медиумската мрежа RND изјави дека има „сериозни сомнежи дека оваа војна е легитимна според меѓународното право“. Клингбаил, исто така, остро се спротивстави на каква било можност за учество на Германија во војната.

„Јасно велам: ова не е наша војна. Ние нема да учествуваме во оваа војна“, рече тој. Тој предупреди дека постои „голема опасност да се лизгаме сè подлабоко во свет каде што повеќе нема правила“. „Не сакаме да живееме во свет каде што е валидно само правото на посилниот“, заклучи тој. Шпанија, исто така, го осуди американското и израелското бомбардирање на Иран како неодговорно и нелегално.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Половина час го полнел својот електричен автомобил, па му стигнала сметка од 14.500 евра

Возач на електричен автомобил Kia EV9 во Канада доживеал финансиски шок кога му биле наплатени огромни 22.000 канадски долари (околу 14.500 евра) за едно краткорочно полнење.

Половина час го полнел својот електричен автомобил, па му стигнала сметка од 14.500 евра

Астрономската сума се должела на бизарен технички дефект во брзиот полнач, кој регистрирал дека возилото било поврзано повеќе од 460 дена.

Во мај 2025 година, сопственикот застанал на станицата Hypercharge и надополнил само 4,91 kWh електрична енергија, што обично трае околу половина час. За време на процесот, полначот ја изгубил безжичната врска со централниот сервер на операторот.

Како резултат на тоа, системот за полнење не евидентирал дека кабелот е исклучен од автомобилот. Компјутерот претпоставил дека возилото е сè уште на станицата за полнење, па затоа продолжил да ја пресметува фиксната часовна тарифа.

Ова автоматско полнење продолжило континуирано до 25 август 2026 година, кога системот конечно ја прекинал спорната сесија. Полначот полнел цели 460 дена за зафаќање простор, иако автомобилот бил на пат долго време.

Сопственикот на возилото поднел формална жалба до Hypercharge за да ја оспори спорната сметка. Во меѓувреме, компанијата рачно ја прекинала сесијата во својот систем за управување и спречила понатамошно зголемување на трошоците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млад кошаркарски тренер загина во сообраќајката на патот Охрид- Кичево

Младиот македонски кошаркарски тренер, Антонио Савевски загина во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево.

Млад кошаркарски тренер загина во сообраќајката на патот Охрид- Кичево

Според информациите кои ги објави Министерството за внатрешни работи, Савески со автомобилот удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.

Антонио беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, Водно Санс и Ангели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје

Ги поттикнуваме граѓаните да го користат возот за побрзо да стигнат до центарот на градот.

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје

Изминатава година интензивно работевеме на воведување на Градскиот воз кој треба приградските населби и општини кои гравитираат околу главниот град, да ги спои со Скопје на еден еколошки и брз начин. Тоа сериозно ќе придонесе за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе учениците, студентите и сите оние кои што работат во Градот Скопје и во општините навреме да стигнуваат, вели во интервјуто за ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

“ Вчера можеа сите да видат дека од Зелениково до Скопје се патува некаде за 24 минути. Што ако споредите дека со кола се патува некаде около 70 минути, многу е јасно која е разликата. Тоа сериозно ќе придонесе и за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе луѓето навреме да стигнуваат и учениците, и студентите и оние коишто работат во градот Скопје и во општините. И се надевам дека масовно ќе биде користен, дека сè помалку ќе се користат возила на оваа линија каде што поминува сега градскиот воз, а сè повеќе ќе се користи возот. Возот поминува низ станиците Зелениково, Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, понатаму Лисиче, Драчево, веќе работиме на станица кај Кисела Вода - 11 Октомври - бараки и завршува на Новата железничка станица” – истакна Николоски.

Тој додаде дека се работи на проектирање на уште две нови линии едната од Ѓорче Петров до Центар и втората од Илинден до Центар, со што ќе се заокружи концептот на три линии на градскиот воз како нов јавен превоз за Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер