Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење - Канал 5

Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“.

Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

-Она што ни треба сега е да ги објасниме работите на преговарачката маса, изјави Келер-Сутер.

„Швајцарија има многу да понуди“, рече Келер-Сатер, додавајќи дека земјата е „важен економски партнер“ и дека швајцарските компании се меѓу водечките странски инвеститори во САД.

Таа посочи дека Швајцарија „ќе покаже додадена вредност, која не е само економска“.

Келер-Сутер рече дека во преговорите со Вашингтон нема намера да се „откаже“ од заштитата на земјоделството и отфрлањето на генетски модифицираните организми во Швајцарија, што е една од критиките на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Сакаме детално да ја анализираме ситуацијата пред да разгледаме какви било мерки, додаде таа.

Келер-Сутер исто така рече дека, иако Швајцарија засега не планира никакви одмазднички мерки, „вратата не е затворена за ниту една опција во оваа фаза“.

Мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес ќе биде реновиран навреме

Забрзано се одвива реконструкцијата на стариот и руиниран мост кај Башино Село на еден од влезовите во Велес, а изведувач на работите е „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје кој работите ги започна на 21 март.

Мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес ќе биде реновиран навреме

Оттаму за МИА денеска информираа дека работите се одвиваат непречено и оти се ќе биде завршено согласно договорот за три месеци, односно до 21 јуни годинава.

Инаку од почетокот на март, по два месеци забрана за сообраќај, мостот повторно беше пуштен во функција, но сега сообраќајот се одвива само по средната лента каде е најмало оштетувањето на мостот и е регулиран од двете страни со семафор.

-Забрането е по него сообраќање на камиони потешки од 40 тона, а тоа го регулираат полициски екипи од СВР Велес, информира за МИА, Бобан Христов, раководител од „Синтек инженеринг“.

Тој појасни дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот, се поставува нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третира мостот од внатре. Воедно од професори на Градежниот факултет во Скопје е монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира.

-Засега нема проблеми околу тоа ,бидејќи сите возила се придржуваат на пропишаните правила и нема надминување на возила над 40 тона, рече Христов.

Тој појасни дека опшивката на столбовите која се работи не пречи на одвивање на сообраќајот по мостот.

-Столбовите што имаат карбонски траки се завршени, а моментално се работи само на заштитата одозгора, односно на премачкување со боксивна смола што е завршено во текот на денешниот ден. Имаме репаратур малтер односно санација на отпаднати бетонски делови за кои најпрво се прави целосно рушење на сите делови коишто се оштетени од бетон, а потоа се премачкуваат се репаратур малтер. Моментално се работи на последното 9-то и 10-то поле и во текот на неделава и тие ќе бидат завршени. Со тоа ќе ни остане армирањето на главните носачи на мостот коишто се оштетени и нивно наново бетонирање и зајакнување од нивната долна страна. Прво и второ поле ни се армирани, ќе започнеме со шалување и со бетонирање во наредните денови, а понатаму ќе се работи паралелно. Потоа ни останува поставување на челикот кој е од наше производство, на што моментално се работи. Ни треба и поставување на челични врски на столбовите, со што би се зајакнала конструкцијата на мостот. Планираме сето тоа да биде готово до 21 јуни како што е предвидено со рокот, се да биде завршено и мостот да биде реконструиран, појасни Христов.

Информира дека постојано се во координација со професорите од Градежниот факултет во Скопје и со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кое ја следи нивната работа.

Реконструкцијата на овој мост е финансирана од ЈПДП, односно Владата, а проектот е вреден 24.614.554 денари или околу 400.000 евра без ДДВ. Санацијата на мостот кај Башино Село првично треба да го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.

Ортагус: Либан сè уште има многу да направи во разоружувањето на Хезболах

Либан сè уште има „многу да направи“ за да го разоружа Хезболах, како што е предвидено во договорот за примирје меѓу шиитското движење и Израел, изјави денеска во Доха заменик-претставничката на САД за Блискиот Исток, Морган Ортагус.

Ортагус: Либан сè уште има многу да направи во разоружувањето на Хезболах

Либанските власти „направија повеќе во последните шест месеци отколку веројатно во последните 15 години“, рече таа како одговор на прашање за разоружување на проиранската група на Катарскиот економски форум.

„Меѓутоа, сè уште има многу да се направи“, додаде американската претставничка.

Проиранскиот Хезболах, единствената фракција што го задржа своето оружје по граѓанската војна во Либан (1975-1990), беше ослабен кон крајот на 2024 година по повеќе од една година непријателства со Израел, вклучително и два месеци отворен конфликт, предизвикан од војната во Појасот Газа.

Спогодбата за прекин на огнот склучена на 27 ноември предвидува отстранување на воената инфраструктура меѓу реката Литани и израелската граница, како и целосно повлекување на израелските сили.

Сепак, израелската војска ги задржа своите позиции на неколку јужни позиции во Либан и продолжи да извршува смртоносни напади во земјата, тврдејќи дека целта е Хезболах.

Либанскиот претседател Џозеф Аун кон крајот на април изјави дека армијата сега контролира повеќе од 85 проценти од југот на земјата.

„САД повикаа на целосно разоружување на Хезболах. И тоа не значи само јужно од реката Литани. Тоа значи низ целата земја“, рече Морган Ортагус и ги повика либанските власти да донесат одлука во таа насока./МИА

Кенеди: СЗО е институција „на смртна постела“

Тој додаде дека СЗО е „заглавена во бирократска надуеност вкоренети парадигми, судир на интереси и меѓународна политика на моќ“.

Кенеди: СЗО е институција „на смртна постела“

Американскиот секретар за здравство и социјални политики Роберт Ф. Кенеди Помладиот обраќајќи се на годишната конференција на Светска здравствена организација преку видеопорака наведе дека СЗО е „бирократски надуена“ институција која „е на смртна постела“.

- Ги повикувам министрите за здравство од целиот свет и СЗО да го сфатат нашето повлекување од организацијата како повик за будење. Веќе бевме во контакт со земји со слични размислувања, па затоа ги охрабруваме другите да ја разгледаат можноста да ни се придружат, посочи Кенеди.

Тој додаде дека СЗО е „заглавена во бирократска надуеност вкоренети парадигми, судир на интереси и меѓународна политика на моќ“.

- Не мора да ги трпиме ограничувањата на СЗО, која е на смртна постела. Ајде да создадеме нови институции или да ги преиспитаме постојните, оние што се ефикасни, транспарентни и одговорни, истакна Кенеди.

Првиот ден од вториот претседателски мандат, Доналд Трамп најави дека ќе ги повлече САД од СЗО. Тој ја обвини СЗО дека лошо работела за време на пандемијата со Ковид-19 и за преголема блискост со Кина. СЗО ги негира обвинувањата од американскиот претседател.

Говорот на Кенеди е емитуван неколку часа откако земјите-членки на СЗО усвоија договор што треба да им овозможи поефикасно да се подготват за претстојните пандемии. Договорот гарантира дека при следна пандемија лековите, терапиите и вакцините ќе бидат глобално достапни. Исто така, се бара од производителите што учествуваат во договорот да донираат 20 проценти од своите вакцини, лекови и тестови на СЗО за време на пандемија, со што ќе се обезбеди и посиромашните земји да имаат пристап. /МИА

притисни ентер