Швајцарката Гут-Бехрами ја забележа 40. победа во кариерата

 Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами ја оствари 40 победа во кариерата, постигнувајќи најдобар резултат на денешниот супервелеслалом одржан во австрискиот ски центар Алтенмаркт.

Половина од вкупниот број победи, 32-годишната Гут-Бехрами ги оствари во супервелеслалом, а токму на истата патека во оваа дисциплина ја забележа втората победа во кариерата, во 2011 година.

Речиси два километри долгата патека Гут – Бехрами ја мина за помалку од 75 секунди (1:14, 95) и со тоа спречи двојно австрискио славје, откако Корнелија Хутер заврши второпласирана, а нејзината сонародничка Мирјам Пушнер го освои третото место.

Американската скијачка Микаела Шифрин, кој ги прескокна натпреваруватата во Светскиот куп овој викенд, остана водечка во генералниот пласман со 929 бодови, пред Италијанката Федерика Брињоне (789) и Гут – Бехрами (749). /МИА

Новото украинско оружје прави хаос во руските редови- чини помалку од 30.000 долари (ФОТО)

Министерството за одбрана на Украина ја одобри употребата на роботскиот систем „Droid TW 12.7“ на фронтот, најавувајќи го почетокот на новата ера во борбата со роботски беспилотни летала.

Ова одобрение следеше по ригорозните борбени тестови кои ја потврдија веродостојноста на системот, се вели во неодамнешното соопштение на украинското Министерство за одбрана, објави „Киев пост“.

Ова е значаен чекор кон поавтономно војување. „Droid TW 12.7“ е всушност платформа за следење опремена со моќен митралез браунинг од 12,7 мм. Тоа го претставува зголемениот фокус на Украина на беспилотни копнени возила (UGV) во нивниот технолошки напреден пристап кон војување.

Заменик министерот за одбрана Дмитро Клименков ја истакна важноста на ова достигнување:

„Ние стандардизираме модели кои стануваат сигурни алатки за нашите бранители, помагајќи им да ги извршуваат задачите во најтешки услови. Нашата предност е високотехнолошка армија способна да одговори на современите предизвици“.

Далечинската контрола на таблетот и способностите за дигитална комуникација на системот го истакнуваат фокусот на Украина на безбедноста на војниците и оперативната флексибилност. Ова е во согласност со пошироките иницијативи на земјата за развој и употреба на различни типови системи без екипаж, вклучувајќи воздушни и поморски беспилотни летала, кои веќе се покажаа како ефикасни против руските сили.

Напорите на Украина да развие роботски борбени системи се дел од поширокиот тренд во модерното војување. Како што истакна Наталија Кушнерска, висок извршен директор на одбранбената индустрија на Украина, овој развој „го означува појавата на сосема нов сегмент од модерното војување со беспилотни летала против дронови“.

Како што пренесува магазинот „Њусвик“, митралезот „Бровинг“ калибар 12,7 мм се покажал како сигурен во борбени услови и е стандарден дел од вооружувањето на членките на НАТО, Израел, Јужна Кореја и Јапонија. Еден дроид чини помеѓу 26.000 и 29.000 долари и се покажал како одличен против руските оклопни возила.

17- годишен англиски фудбалер колабирал и починал на теренот

Огромна тага го погоди островскиот фудбал.

Младиот фудбалер Кејлен Денис (17) починал на натпревар на неговиот клуб Волтамстоу на нисколигашките терени во Англија, соопштија од клубот.

На натпревар на селекцијата до 23 години, тој ненадејно колабирал и покрај реакцијата на лекарскиот тим, набрзо починал.

Тој е роднина на многу попознатиот напаѓач Рајан Брустер, кој настапува за Шефилд Јунајтед, а нему му го посвети голот што го постигна претходната вечер против Милвол во Чемпионшип.

- Бевме потресени кога дознавме дека Денис починал за време на натпреварот. Испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, соиграчите и сите што го познаваа – објави Волтамстоу.

Во продолжение погледнете како Брустер му го посвети голот на својот братучед.

Земјоделските инспектори во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.

Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.

Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот, соопштуваат од МЗШВ.

притисни ентер