Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
1Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
3Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
СветШвајцарија во недела на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиониШвајцарија утре ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странциТагови: Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за националниот тим. Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, ставајќи крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера. „Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо покрај видеото. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, со што стана најдобар стрелец и рекордер според бројот на настапи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светски рамки. Кристијано дебитираше за Португалија во далечната 2003 година и во текот на повеќе од две децении стана симбол на националниот тим, како и еден од најзаслужните за најголемите успеси на португалскиот фудбал. Со капитенската лента на раката, тој ја предводеше репрезентацијата до титулата европски шампион во 2016 година, како и до трофејот во Лигата на нации во 2019 година, а настапи на дури пет светски првенства и шест европски првенства. Одлуката за повлекување доаѓа по елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2026 година. Роналдо претходно навести дека размислува за завршување на својата репрезентативна кариера, но тогаш одлучи да продолжи да игра за националниот тим. Неговото заминување доаѓа и по еден бурен период во репрезентацијата, кој вклучуваше несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако тој остана на клупата за резервни играчи за време на победата на Португалија над Норвешка во Лигата на нации, одиграна во септември. Иако претходно изјави дека сè уште му стои на располагање на селекторот, преку објава на социјалните мрежи тој потврди дека сега дефинитивно одлучил да стави крај на својата приказна во националниот тим. Така, Португалија останува без долгогодишен капитен, најдобар стрелец и играч кој повеќе од две децении беше заштитно лице на репрезентацијата. Бројките што ги остава Роналдо зад себе зборуваат сами за себе: 234 настапи, 146 гола, титула од Европското првенство и трофеј од Лигата на нации. Една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаиДвете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки. Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи. Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банкаНаместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. „Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ. Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред. “Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци. „Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски. „Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00