БалканШвајцарец бил туристот, кој скокна од мостот во Мостар и беше претепан од мештаните- испрати порака (ВИДЕО)Веста дека непознат млад човек скокнал од стариот мост во Мостар, а потоа бил претепан, брзо се прошири низ целиот регион, а сега е откриено за кого станува збор.Станува збор за Швајцарецот Лука Бонт, кој стана познат на социјалните мрежи по скокањето од голема висина. Овој скок привлече големо внимание од јавноста и медиумите, но имаше и непријатна последица - откако излезе од Неретва, беше нападнат од група жители на Мостар, прво вербално, а потоа и физички, пишува Црна хроника. Turista skočio sa Starog Mosta, Mostarci ga pretukli pic.twitter.com/O8ASgYKAg5 — Doznajemo (@Doznajemo) June 27, 2025 Иако точната причина за нападот не е сосема јасна, се претпоставува дека проблемот бил во тоа што Бонт скокнал без дозвола и дека не ги почитувал вообичаените правила, бидејќи скокањето од Стариот мост традиционално го изведуваат само членови на локален клуб со строги безбедносни мерки. Невештото изведување на скокот се смета за опасно, и за скокачот и за другите во водата. Некои, сепак, во коментарите тврдеа дека жителите на Мостар го нападнале младиот човек бидејќи скокањето е строго резервирано за локалните момци, кои наплаќаат за „фрлање“ од мостот и заработуваат пари од туристите. И сега еден Швајцарец скокна и покажа дека и тој може да го направи тоа... Бонт на Инстаграм рече дека не разбира зошто бил нападнат, но се пошегува дека сега станал познат во Босна и Херцеговина. View this post on Instagram A post shared by Crna Hronika BiH (@crnahronikabih) Полицијата сè уште официјално не го коментирала инцидентот, а јавноста е поделена. Додека некои го поддржуваат Бонт како турист кој бара возбуда, други веруваат дека ги прекршил локалните обичаи и ја загрозил безбедноста.Тагови: Мостар туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook