Швајцарците исклучија нуклеарка поради превисоката температура на водата во река - Канал 5

Швајцарците исклучија нуклеарка поради превисоката температура на водата во река

Швајцарската енергетска компанија Axpo денес објави дека го затворила вториот реактор во нуклеарната централа Безнау поради високите температури на водата во реката Аре.

Швајцарците исклучија нуклеарка поради превисоката температура на водата во река

„Вчера вечерта привремено го затворивме вториот нуклеарен реактор за да ја заштитиме флората и фауната во областа на реката Аре од понатамошно затоплување“, се вели во соопштението на компанијата. „Привременото исклучување не претставува закана за безбедноста на снабдувањето со електрична енергија или безбедноста на реакторот Безнау“, се додава.

Во вторник попладне, компанијата го затвори првиот реактор во нуклеарката и го намали производството на електрична енергија во вториот реактор, кој работеше со половина капацитет до среда вечерта.

Прекумерна температура на водата

Компанијата забележа дека поради високите температури на реката Аре, постепено го намалуваше производството во последните денови, а нуклеарната централа веќе работеше со половина капацитет во неделата.

Реакторите во нуклеарната централа се ладат со вода од Аре, која потоа се враќа во реката. Според швајцарскиот закон, ако температурата на реката надмине 25 степени, нуклеарната централа се исклучува од мрежата.

Според хидролошките податоци на швајцарските власти, температурата на реката Аре достигнала максимум од 25,1 степени во изминатите 24 часа во областа долж границата со Германија, а моментално изнесува 24,9 степени.

Нуклеарната централа Безнау се наоѓа во Детинген, на околу седум километри од границата со Германија. Пуштена е во употреба во 1969 година, е меѓу најстарите активни нуклеарни централи во светот и нема кули за ладење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер