Швајцарци најдоа начин да се разладат- се враќаат од работа пливајќи (ВИДЕО) - Канал 5

Швајцарци најдоа начин да се разладат- се враќаат од работа пливајќи (ВИДЕО)

Жителите од швајцарскиот град Базел смислиле како да се спасат од летните горештини и да си одат дома од работа ни помалку ни повеќе, туку да пливаат.

Швајцарци најдоа начин да се разладат- се враќаат од работа пливајќи (ВИДЕО)

Младата патничка и тиктокерка Вана Бојовиќ објави видео во кое ја покажа оваа необична навика на Швајцарците која ги воодушевува туристите, а нејзиното видео собра повеќе од половина милион прегледи.

@vannabojovic Kad nakon 120 posjećenih država, u najvećem šoku ostaneš u Švicarskoj! 🇨🇭 😂 Ovo je skroz bilo neočekivano i ludo! Tko je znao za ovo? #basel #švicarska #swiss #switzerland #putovanja #travel #travelblogger ♬ original sound - Vanna Bojovic

Оние кои живеат низводно од местото каде што сакаат да одат после работа ги фрлаат своите работи во водоотпорна торба, скокаат во Рајна и едноставно лебдат до дома, разладувајќи се на патот.

Оваа необична навика на жителите стана хит меѓу туристите кои и самите бараат бегство од летните горештини во градската река, чија летна температура е околу 23°C.

Пливањето во Рајна е една од омилените летни активности во замокот меѓу локалното население, но градските власти ги повикуваат туристите да им се придружат и да скокнат во реката.

Покрај тоа што можете да лебдите дури три километри низводно, има неколку места директно на брегот на Рајна каде што можете да одморите и да се сончате.

Сè што треба да направите е да ги ставите алиштата и работите во таканаречената „Wickelfisch“, водоотпорна торба за капење во форма на риба, која ја произведува управата на Базел и стана еден од најпопуларните сувенири во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер