Шутаров: Во новата декада ќе ја надградиме афирмацијата на македонската култура во Бугарија - Канал 5

Шутаров: Во новата декада ќе ја надградиме афирмацијата на македонската култура во Бугарија

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија оваа година влегува во втората деценија од своето постоење откако го заокружи 10-годишниот јубилеј со 20-ина проекти во 2015 година.

Шутаров: Во новата декада ќе ја надградиме афирмацијата на македонската култура во Бугарија
Директорот на КИЦ-от Васко Шутаров, кој доби нов мандат за раководење на институцијата, за 2016 најавува нови содржини. Задоволен е од јубилејната 2015-та, а влегувањето во втората деценија од постоењето на КИЦ-от и доверениот нов мандат ги смета за сериозна обврска да се надгради, како што вели, сето она што изминатите години стана наш препознатлив белег во афирмацијата на македонската култура во соседна Бугарија.

- Имавме серија од неколку исклучително забележливи културни сезони. Нашата јубилејна програма во 2015 година предизвика можеби досега и најголем интерес, што од публиката во Софија, што од зголемениот интерес на бугарските медиуми за нашите програми. Тоа што за мене лично претставува и задоволство, но и уште поголем предизвик е можноста што ја имавме во изминатата година да претставиме наши програми и во многу значајни културни простори во Софија, но и да стекнеме нова и добра публика во други градови каде што гостувавме - во Русе, Созопол, Пловдив, Харманли, Велинград. Тоа ќе биде наша интенција и во реализацијата на нашата Програма за 2016 година, изјави Шутаров за МИА.

Меѓу проектите кои следуваат оваа година за кои има поддршка од Министерство за култура на РМ, тој издвојува две книжевни промоции: едната е промоција на бугарското издание на „Ѕвездениот корен" со која ќе се одбележат 85 години од раѓањето на Анте Поповски и традиционалната, деветта по ред Македонска книжевна визита. И годинава КИЦ во Софија ќе биде вклучен во организација и реализацијата на Европската ноќ на литературата, која се одржува под покровителство на Европската асоцијација на културни институции.

- Годинава имаме и исклучително богата музичка понуда. Ќе организираме концерти на Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова-Христова, Гонца Богоромова-Краповски и Милен Станев, Даница Стојанова, Бранко Павловски, Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев и концертот на ансамблот „Контемпора". Од ликовните настани би ги издвоил двете изложби кои ќе ги организираме во соработка со Националната галерија на Македонија, ретроспективната изложба на Вељо Ташовски и изложбата „По трагите на водата", изложбите на Дороти Пачкова, Борислав Траиковски, изложбата на фотографии на Јана Луловска и изложбата на скулпторот Слободан Милошевски. Посебно се радувам на изложбата на копии на икони и фрески која ќе ја оствариме во соработка со Музеј на Македонија и која освен во Софија би сакал да ја претставиме во уште некој друг поголем град во Бугарија, истакнува Шутаров.

Додава дека КИЦ на РМ во Софија и годинава има покани за учество на бројни престижни фестивали. Веќе е потврдено учеството на Франкофонскиот фестивал „Солеј", кој традиционално се одржува на почетокот на јуни во Созопол.

Нашиот културен центар во наредниот период ќе се фоскира и на активности за подготвување на учеството на уметници од Македонија и претставување на македонската култура во Пловдив во 2019 година, кога тој бугарски град (заедно со италијанскиот Матера) ќе биде европска престолнина на културата.

Потесна соработка со организацискиот одбор на манифестацијата „Пловдив - Европска престолнина на културата, 2019" е остварена минатата година преку ликовно претставување на „Ноќта на музеите" во Пловдив.

- Ни беше овозможено, нашиот ликовен проект „Конекција 2" да го претставиме во просториите на познатата Балабанова куќа, спомен-музеј од исклучително културно значење. Градот Пловдив, посебно стариот дел на градот, не случајно е избран во силна конкуренција со други бугарски културни центри, за престолнина на европските културни случувања во 2019 година. Искрено се надевам и посакувам, еден голем дел од нашата културна понуда да почнеме уште годинава да ја претставуваме во Пловдив и заради убавиот прием што го имавме мината година, добриот одѕив на публиката, но и предизвикот да станеме препознатливи со редовно презентирање наши културни содржини, неколку години порано, пред европската културна инвазија кон Пловдив во 2019 година, наведува директорот на КИЦ на РМ во Софија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции.

Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем.

„Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска.

Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА.

Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени.

Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер