Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани над илјада луѓе

Шумски пожар во јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.

Само околу два отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува Асошиејтед прес.

Засега нема извештаи за жртви. Пожарот моментално гори на околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, и постои опасност пожарот да се прошири до градот Кастаик, дом на околу 19.000 луѓе. Националната метеоролошка служба соопшти дека денеска се очекува мала влажност на воздухот и брзина на ветер од 80 километри на час.

О. Гази Баба: Семејствата на поврдените можат да се сместат во „Партенија Зографски“

Семејствата на поврдените можат да се сместат во „Партенија Зографски“ и „Томе Стефановски Сениќ“.

Скопје се мобилизира по страшната трагедија која се случи рано утринава во Кочани, кога во дискотека животот го загубија најмалку 59 лица.

Граѓаните се солидаризираат со катастрофата, а на социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети, нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.

Градоначалникот на О. Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека студентскиот дом Томе Стефановски Сениќ и интернатот Партенија Зографски се на располагање за помош.

Од интернатот додадоа дека сите вработени се мобилизирани и ќе одговорат на најдобар можен начин на семејствата.

Психолошка помош понудија и од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Оттаму ифнормираа дека отвориле шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства.

Трајановски за МИА: Куамновската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од Кочани

Кумановската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од трагедијата во Кочани, но засега нема ниту еден пациент поврзан со пожарот во Кочани, изјави за МИА, директорот на кумановската општа болница, д-р Стефан Трајановски.

Болницата, по насоки на надлежните е во подготвеност, кадровски се екипирани службите, на некои одделенија се дуплирани. Просторно има можност да се прифатат пациенти.

- Уште рано утрово нашата болница е во потполна приправност, двојно се зголемени службите на хирургија, анестезија, трансфузиологија и аптека. Сите се во приправност и сме подготвени со полни капацитет, кадровски, просторно да прифатиме пациенти од клиниките или од која било друга болница од државата. Сепак, не располагаме со централен довод на гас до болничките соби, до ургентниот центар, оперативниот блок и не можеме да обезбедиме поддршка за продолжено одржување во живот за респираторна или срцева функција, изјави д-р Трајановски.

Од Здравствниот дом во Куманово за МИА информираа дека е пратено возило со екипа во Кочани.

- Екипата веднаш беше препратена за Кочани, по дојавата од службите. Тргнаа за Кочани, рано утрово еднаш по добиената информација за пожарот, д-р Бленд Алиу.

Градоначалникот на Гостивар изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што се случи во Кочан, а на повредените им посака брзо оздравување.

- Трагедијата во Кочани ги потресе срцата на сите нас. Сочувство до семејствата на жртвите! Нека Бог им ја олесни болката што ја чувствуваат! Брзо и целосно закрепнување за повредените!, напиша Лимани на својот профил на Фејсбук.

притисни ентер