3Над 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа Македонија
ФормулаШумахер: лудост е да ме споредуваат со ФетелЛегендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер и порача на јавноста дека нема смисла да го споредуваат со Себастијан Фетел ,и покрај тоа што младиот Германец има импозантни остварување во последните три сезони. Фетел годинава стана најмладиот трикратен шампион во Формула 1 , со што им се приближи на недопирливите Михаел Шумахер и Хуан Мануел Фанџо ,двете големи легенди кој го имаат остварено истиот резулат од три титули во низа во „најбрзиот циркус“. -мораш да бидеш посебен за да освои три титули во серија ,но мислам дека е лудост да не споредуваат нас двајца. Фетел во моментов постигнува добри резултати ,јас тоа го правев во минатото, изјави денеска големиот шампион во Ф-1 Михаел Шумахер. Легедраниот Шумахер годинава по втор пат замина во пензија./К.Г Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоопштение Уставен суд: Појаснување во врска со извршувањето на одлуките на Уставниот судВо врска со соопштението на Судскиот совет на Република Македонија и Здружението на судии, Уставниот суд упатува на член 112 став 3 од Уставот, според кој „Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни“, како и на член 89 став 2 од Актот на Уставниот суд, кој уредува дека „Одлуките со кои Судот утврдил повреда на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, ги извршува органот или субјектот што врши јавни овластувања што го донел поединечниот акт, односно го презел дејствието кое Уставниот суд со одлука го забранил“. Дополнително, согласно со член 85 став 2 од Актот на Судот, „Одлуките на Уставниот суд се извршуваат без никакво одлагање“. Во оваа насока е и член 91 од Актот: „Врз основа на претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото што не ја извршило одлуката на Судот“. Уставниот суд во 2025 година со Одлука (https://ustavensud.mk/2025/09/%d0%b1%d0%b7%d1%81%d0%bf-%d0%b1%d1%80-8-2025/) утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Наташа Стојановска, сторена со пресуди на Основниот граѓански суд во Скопје и Апелациониот суд Скопје. Странката од истиот суд побарала извршување на Одлуката на Уставниот суд за заштита на својата слобода, но Одлуката на Уставниот суд не е извршена од страна судија на Основниот граѓански суд во Скопје. Следствено на ова, странката се обрати до Уставниот суд со барање Судот да ги искористи правните механизми за извршување на неговите одлуки. Уставниот суд го усвои барањето на странката и донесе посебно Решение (https://ustavensud.mk/2026/07/%d0%b8-%d0%b1%d1%80-1-2026/) со кое утврди дека Одлуката на Уставниот суд за повреда на уставно загарантираната слобода на странката не е извршена и за тоа ги извести Јавното обвинителство и Судскиот совет. Токму на овој начин Уставниот суд придонесува кон владеењето на правото – принципот за кој во своето соопштение се залагаат и Судскиот совет и Здружението на судии. Поради јавниот интерес поврзан со одлуката на Уставниот суд и ставот на Судскиот совет и Здружението на судии, Судот укажува на следниве неспорни уставно-правни факти, како и на одредени уставно-правни противречности во споменатото соопштение: 1. Уставниот суд има посебна уставна положба и не подлежи на начелото на поделба на власта Суштинската разлика меѓу Уставниот суд и органите на законодавната, извршната и судската власт е фактот што Уставниот суд, како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и не подлежи на начелото на поделба на власта, има надлежност да ги обезбедува темелните вредности на поредокот, односно да биде и контролор на овие власти и истовремено да ја обезбедува нивната независност. Уставниот суд безрезервно ја почитува и ја штити и, со своите одлуки, застанувал на страната на институционалната и материјалната независност на судската власт (https://ustavensud.mk/2026/04/%d1%83-%d0%b1%d1%80-21-2025-%d0%b8-%d1%83-%d0%b1%d1%80-52-2025-3/ ). Но, независноста при судиското одлучување не може да се толкува како можност конечните и извршните одлуки на Уставниот суд да бидат ставени под повторна оценка, релативизирани или нивното правно дејство да биде одложено. 2.Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот Правењето на паралела меѓу независноста на судството и владеењето на правото во предметното соопштение е противречно на начинот на кој е поставена. Имено, судската независност на ниеден начин не може да оправда ниту, пак, да релативизира неисполнување на уставната должност, односно да се одлучува врз основа на Уставот. Неспорен факт, утврден од Уставниот суд, е дека судија на Основниот граѓански суд, наместо да ја исполни уставната должност да одлучува врз основа на Уставот, законите и меѓународно-ратификувани меѓународни спогодби, одлучил дека Законот за парнична постапка не предвидува експлицитен основ дека одлука на Уставниот суд не претставува основ за повторување на постапката, и со тоа дал предност на Законот наместо на Уставот, во кој јасно е определен правниот карактер на одлуките и правното дејство на одлуките на Уставниот суд. Ниту еден закон не е над Уставот. Законот и неговите празнини, недоречености, треба да се толкуваат низ призмата на целовитоста на Уставот, смислата, словото и духот на Уставот, а не обратно. Пропуштањето на Законодавецот ова прашање да го уреди во Законот за парнична постапка на ниту еден начин не значи и не може да биде основ за игнорирање на уставно определените карактеристики на одлуките на Уставниот суд, нивната извршност, конечност и општа задолжителност. Почитувањето и извршувањето на одлуките на Уставниот суд не е прашање на избор, на толкување или пак, согласност на кој било орган или кое било службено лице. Извршувањето на одлуките на Уставниот суд е еден од фундаменталните принципи на владеењето на правото. Оттука, какво било ограничување на Уставниот суд во остварувањето на ефективна заштита на слободите и правата, на владеењето на правото и на неговата должност да се грижи неговите одлуки да се почитуваат и извршуваат би претставувало повреда на уставно утврдената положба, функциите и надлежностите на Уставниот суд. 3. Извршувањето на одлуките на Уставниот суд значи постапување во согласност со Уставот Противречност и уставно-правна апсурдност има во ставот дека „функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори“ во паралела со признавањето на уставната поставеност на Уставниот суд и неговите одлуки. Уставниот суд очекува од сите органи и носители на трите власти, законодавната, извршната и судската, да постапуваат во согласност со Уставот. Односот на Уставниот суд кон останатите власти не е однос на надреденост, туку одржување на состојбата на уставноста, и оттука извршувањето на неговите одлуки не претставува извршување на одлука на државен орган, туку претставува постапување во согласност со Уставот. Почитувањето на уставната поставеност на Уставниот суд и на уставно уреденото правно дејство на неговите одлуки не се демонстрира само декларативно, како во конкретниов случај. Вистинското почитување на Уставот и неговите темелни определби, заштитата на слободите и правата и владеењето на правото, не се прават со институционална воздржаност и внимателност во постапувањата, туку со одлучност и решителност во заштитата на уставноста. 4. Неправосилноста на одлуката не ја суспендира конечноста и извршноста на одлуката на Уставниот суд Фактот дека решението не е правосилно и против него е изјавена жалба за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд, на ниеден начин не можат да ја променат фактичката состојба дека судија на Основниот граѓански суд не извршил одлука на Уставниот суд. Не само што не ја извршил одлуката на Уставниот суд, со неговото постапување ја игнорирал и практиката на Европскиот суд за човекови права на која всушност се темели одлуката на Судот. Со неговото постапување ја игнорирал и веќе воспоставената судска практика врз која Судот изминатиот период ја втемелил праксата на ЕСЧП во своите одлуки во кои утврдил повреда на слободите и правата на човекот и граѓанинот (https://ustavensud.mk/2026/04/%d0%b1%d0%b7%d1%81%d0%bf-%d0%b1%d1%80-17-2025/). Секое поинакво толкување би водело кон уставно-правно неодржлива ситуација во која друг орган, преку сопствено постапување или преку механизмите на редовната судска постапка, практично би можел да го одложува или неутрализира дејството на конечна и извршна одлука на Уставниот суд. Игнорирањето и релативизирањето на постапувањето на Уставниот суд не дава придонес во напорите за градење на правна држава во која ќе владее правото.Уставниот суд останува решителен во заштитата на уставноста и законитоста и слободите и правата на граѓаните на нашиот уставно-правен поредок и на тој пат и во иднина ќе постапува одлучно и бескомпромисно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаСе модернизира ООУ „Гоце Делчев“ – нови училници и топлински пумпиГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето, како и во активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи. Во рамките на доградбата се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и две помали канцеларии. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбедат дополнителни просторни капацитети и значително подобри услови за одвивање на наставата. Паралелно се реализира и проектот за подобрување на системот за греење со поставување топлински пумпи, согласно со Меморандумот за соработка меѓу УНОПС и Општина Аеродром. Со проектот се опфатени ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и ЈУДГ „Буба Мара“. Во досегашната фаза е изработена армирана бетонска плоча и поставени се топлинските пумпи, со што активностите за воспоставување на новиот систем за греење се во завршна фаза. „Инвестираме во образовната инфраструктура затоа што сакаме нашите ученици да учат во современи, квалитетни и ефикасни услови. Доградбата на ООУ „Гоце Делчев“ и новиот систем за греење се конкретни инвестиции кои значат подобри услови денес, но и создавање подобра иднина за нашите деца“, истакна градоначалникот Митески. Општина Аеродром продолжува со реализација на проекти насочени кон модернизација на училиштата и подобрување на условите за учениците, наставниците и целиот воспитно-образовен процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и БутелНема место за паника, да се почитуваат мерките за лична заштита од западнонилска треска - ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија во одредени зафатени општини во градот. Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски заедно со претставниците од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за инфективни болести, на денешната прес конференција информираа за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. - Навремено и транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со западнонилската треска. Ова не е ново заболување, присутна е и во текот на претходни години, а годинава заради актуелната епидемиолошка состојба, бројот на потврдени случаи и активноста на вирусот, наметнаа потреба од засилен институционален одговор. Ја следиме состојбата во координација со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, Комисијата за заразни болести и Клиниката за инфективни болести, со цел навремено да ги идентификуваме и третираме случаите, како и да спречиме појава на нови случаи, истакна Андовски. Тој порача дека нема место за паника, туку има потреба од внимателност и одговорност, односно граѓаните да преземаат мерки за лична заштита, носење соодветна облека, како и избегнување на места каде е најголема изложеноста на комарци. Д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје информираше дека заклучно со 11 август, се регистрирани вкупно 26 случаи, од кои 2 се веројатни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес. Во однос на возрасната категорија, д-р Гочевска посочи дека 22 лица се на возраст над 60 години. - Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма, појасни д-р Гочевска. Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика. - Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е дијагностичка постапка. Осум пациенти се испишани на домашно лекување, но за жал, морам да информирам дека 83-годишен пациент е починат. Пациентот имаше и други заболувања, истакна д-р Цана. Д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека вчера беше прогласена епидемија на одредени зафатени општини во градот Скопје, како што се Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери. Министерството за здравство ќе продолжи навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите релевантни промени во состојбата со ова заболување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook