МакедонијаШукова: Загадувањето од греењето мора да се намали, имам план за почист воздух во СкопјеКандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, говореше за еден од најгорливите проблеми на главниот град загадувањето на воздухот во сезона на греење.„Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, загадено и загушено Скопје. Дали дишеме воздух или отров?“ рече Шукова. Таа потсети дека Скопје е еден од најзагадените градови во светот, а тоа, како што нагласи, не е само статистика, туку сурова реалност што граѓаните ја чувствуваат секој ден во зимските месеци. „Маглата не е само временска појава, туку симбол на четиригодишен институционален неуспех и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи општините имаат клучна улога во справувањето со загадувањето,“ истакна таа. Шукова нагласи дека најголемиот дел од загадувањето доаѓа од греењето во домаќинствата со влажни дрва, јаглен и отпадни материјали, додека индустријата веќе започнала со инвестиции во технологии за намалување на емисиите, но потребни се дополнителни вложувања и сериозен мониторинг. „Промена не може да се случи преку ноќ, но не треба граѓаните да се гушат уште 10 години за да ги видат првите резултати. Јас не можам да ви ветам чудо, туку конкретни решенија. Стојам овде пред вас и велам дека имам план,“ додаде Шукова. Во својот план таа најави конкретни мерки: Во првата година забрана за користење на нееколошки горива во подрачја со достапно парно греење, задолжително поврзување на новоизградени станбени згради на системот за централно греење, субвенции за замена на старите системи со еколошки, јавни објекти со еколошки системи за затоплување, засилени инспекции и чистење на градот од отпад. Во првите три години елиминирање на главните извори на загадување, субвенции за енергетска ефикасност за најранливите категории граѓани, модернизација на јавниот превоз и подобрување на велосипедската и пешачката инфраструктура. На долг рок целосна транзиција кон одржлив начин на затоплување во јавните објекти, градска топлинска мрежа со гас и обновливи извори на енергија, зелени коридори за почист воздух и имплементација на BRT-системот. ,,Скопје мора да биде град со чист воздух. Ова не е само еколошко прашање овде се работи за здравје и квалитет на живот,“ истакна кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова. Тагови: Каја Шукова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter