МакедонијаШукова: Време е да ги издигнеме Скопје и БутелКандидатката за градоначалник на Бутел, Ливринчиќ, се осврна на состојбата на реката Серава и нејзината целосна запоставеност од досегашната локална самоуправа.Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатката за градоначалничка на општина Бутел, Оливера Ливринчиќ, се сретнаа во Бутел, каде разговараа за конкретни проекти и решенија со кои општината конечно ќе добие вистинско внимание и современа урбана инфраструктура, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. На прошетка низ општинaта тие разговараа за повеќе клучни теми, меѓу кои и запоставената состојба на реката Серава, сообраќајниот метеж, како и потребата од нова, функционална инфраструктура која ќе донесе поврзаност и квалитет на живеење за граѓаните на Бутел. „Време е за паметни решенија за Бутел и Скопје. Бутел конечно ќе добие посветено лидерство, ред и модерна инфраструктура каква што бутелчани заслужуваат“, порача Шукова, истакнувајќи дека нејзината визија за Скопје подразбира грижа и развој рамномерно во секој дел од градот. Кандидатката за градоначалник на Бутел, Ливринчиќ, се осврна на состојбата на реката Серава и нејзината целосна запоставеност од досегашната локална самоуправа. Таа најави проект за уредување на целиот кеј со пешачка и велосипедска патека, создавајќи безбеден простор за сите генерации. „Мој план е пешачка и велосипедска патека по целиот кеј. Ова ќе биде место за рекреација, безбедно за сите генерации“, најави Ливринчиќ. Последното уредување на реката Серава, потсети Шукова, било направено во 2021 година од поранешен градоначалник од редовите на СДСМ по кој изостанала секоја реализација и одржување од страна на новото локално раководство. Шукова на Ливринчиќ и ги презентираше плановите на градот за овој дел на градот Скопје. „Мојот план за овој дел од градот подразбира изградба на 2 нови моста на реката Серава и надвозник над булеварот Никола Карев, потпорни ѕидови од 2 километри, атмосферска и фекална канализација. Ова е голем инфраструктурен чекор но тука не застануваме. Планираната нова клучка кај булеварите ,Словенија и Никола Карев ќе биде нова порта на Скопје. Ги поврзуваме Бутел со Ѓорче, Карпош и Чаир. Ова ќе биде современ инфраструктурен јазол со велосипедски и пешачки патеки, ЛЕД осветлување и директен пристап до скопската обиколница“, најави Шукова. Притоа двете истакнаа дека имаат решение за сообраќајниот хаос меѓу Автокоманда и Бутел, а тоа е булеварот Хрватска кој предвидува нови коловози, зелени површини, велосипедска патека и безбедни пешачки зони. На Скопје и Бутел им е неопходно ново раководство и управување за да се издигнат од калта во која се оставени. Скопје и Бутел имаат потреба кандидати кои ќе се спротивстават на криминално ВМРО-ДПМНЕ кое 4 години системски ги урниса Скопје и скопските општини, порачаа кандидатките на СДСМ за Скопје и Бутел. Центар за комуникации со јавноста на СДСМТагови: Каја Шукова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗабаваЌерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс. Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка. Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони. Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.Тагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа. Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума. Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства. ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа. Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.Тагови: ФБИ Бајненс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20