Шукова во Карпош: БРТ е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје - Канал 5

Шукова во Карпош: БРТ е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, заедно со потпретставници на партијата, синоќа оствари средба со граѓани на општина Карпош, каде разговараа за предизвиците со кои се соочува Скопје.

Шукова во Карпош: БРТ е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје

Шукова упати остра критика до актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, четиригодишна блокада и неспособност да понуди функционален концепт за јавен транспорт.

– Додека скопјани мака мачеа со хаосот во јавниот превоз, цели четири години ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за БРТ. Иако немаа и се уште немаат никаков концепт.

Четири години не понудија ништо, скопјани ги оставија сами, да чекаат предолго и да не знаат дали воопшто ќе има автобус, да се варат по горештините или да мрзнат кога е ладно. Денес ретерираат и велат дека ќе го „разгледале“, па што чекаа 4 години?, рече Шукова.

Таа нагласи дека како иден градоначалник целосно ќе го спроведе проектот за БРТ кој е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје.

– Тоа е решение коешто има изработен проект со обезбедени финансиски средства, што значи дека им нудиме проект на граѓаните со којшто нема да губиме време, туку веднаш ќе можеме да прејдеме во акција. Време е концечно да се реши хаосот со превозот во Скопје, рече Шукова.

Таа додаде дека проектот предвидува две главни трансферзали кои ќе заменат голем дел од постојните автобуски линии, додека остатокот ќе се надополни со еколошки автобуси.

– Овој концепт не е евтин, но е долгорочно одржлив. Ќе обезбедиме систем којшто е сигурен, модерен и еколошки – достоен за главен град, потенцираше Шукова.

Граѓаните на Карпош, како и жителите на цело Скопје, заслужуваат јавен превоз кој функционира, кој не доцни и кој не загадува, порача Шукова, најавувајќи дека токму тоа ќе биде еден од првите приоритети во нејзиниот мандат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски министер: Наследникот на Хуанг треба да биде надвор од „Nvidia“

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Nvidia“ треба да бара нов извршен директор надвор од компанијата. Неговата изјава доаѓа откако основачот Јенсен Хуанг поднесе оставка минатата недела. 

Американски министер: Наследникот на Хуанг  треба да биде надвор од „Nvidia“

„Одборот на директори треба да гледа надвор од компанијата кога бара ново раководство. Со оглед на сè што се случи, потребни се фундаментални промени“, изјави Бесент за „Fox News“.

По заминувањето на Хуанг, американскиот претседател Доналд Трамп го препорача Тим Кук, за нов извршен директор на американскиот производител на чипови.

Регулаторни пропусти

Бесент го пофали Хуанг како иноватор, но нагласи дека технолошкото водство не може да биде изговор за непочитување на прописите. Тој, исто така, истакна дека федералните регулатори од Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC), која ги надгледува националните банки, ќе ги отстранат директорите во финансискиот сектор без одлагање поради слични пропусти во надзорот.

Министерот праша дали „Nvidia“ ги игнорира предупредувањата поврзани со фиктивните компании во Сингапур. Тој истакна дека компанијата престанала да објавува одредени регионални бројки за продажба откако приходите во Кина паднаа, додека продажбата во Сингапур нагло се зголеми. Тој цитираше извештаи дека само 1 процент од чиповите што се продаваат во земјата останале таму.

Позадина на оставката

Јенсен Хуанг поднесе оставка на 12 ноември откако ја водеше „Nvidia“ повеќе од три децении. На неговата оставка ѝ претходеше признание за вонбрачна афера со Алис Хуанг. Таа е поранешна извршна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“ и медиумите ја поврзуваат со кинеската разузнавачка служба.

Бесент ги отфрли шпекулациите за шпионажа како „измислици“. Тој рече дека негова примарна загриженост е дали корпоративната култура на „Nvidia“ охрабрува „очигледно нелегална продажба“ за вештачко зголемување на профитот. Тој побара од одборот и надворешниот правен советник да му дадат одговори во рок од 10 дена.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер