Шукова: Визијата за Скопје започнува со современи, безбедни училишта за децата и поддршка за наставниците - Канал 5

Шукова: Визијата за Скопје започнува со современи, безбедни училишта за децата и поддршка за наставниците

Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје, на првиот училиштен ден од новата учебна година ја посети гимназијата „Никола Карев“, и испрати порака за важноста на образованието и како и поддршка на младите.

Шукова: Визијата за Скопје започнува со современи, безбедни училишта за децата и поддршка за наставниците

„Почетокот на септември секогаш носи нови предизвици, нови знаења и нови пријателства. Верувајте во себе, бидете упорни и љубопитни, затоа што секој од вас носи огромен потенцијал“, изјави Шукова, обраќајќи се до учениците.

Посетата на нејзиното поранешно училиште, за неа, како што рече има посебно значење:

„Тука се родија моите први соништа. Ниту една пречка низ школските денови не ме обесхрабри. Учете и верувајте дека образованието ви ги отвора вратите кон вашата иднина.“

Шукова нагласи дека нејзината визија за Скопје како град на млади и перспективни луѓе почнува токму од квалитетното образование.

„Образованието мора да биде темел на развојот на Скопје со современи училишта, поддршка за наставниците и безбедна, здрава средина за децата. Ќе вложиме сериозно во програми против булинг, затоа што ниту едно дете не смее да се чувствува осамено или запоставено“, рече таа.

Таа додаде дека младите не се само иднината, туку и сегашноста на градот:

„Сакам училиштата да бидат места што ќе инспирираат, а не само институции каде се стекнува знаење.“

Шукова вети дека ќе работи на враќање на довербата во училиштата и кај младите и кај родителите.

„Само така можеме да изградиме Скопје во кое сите ќе сакаме да живееме“, порача таа.

Таа на сите ученици им посака успешна учебна година: „Среќен почеток!“

YouTube video

Изјава за медиуми на кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поморски дрон експлодира во романско пристаниште (ВИДЕО)

Поморски дрон експлодира денеска во романското црноморско пристаниште Констанца додека го испитуваа експерти откако беше извлечен од морето, објавија романските медиуми.

Поморски дрон експлодира во романско пристаниште (ВИДЕО)

Според Antena 3 CNN, областа била обезбедена од страна на Романската разузнавачка служба, Крајбрежната стража и Министерството за одбрана. Експертите се обидувале да утврдат за каков вид уред станува збор и да го направат безбеден кога се случила експлозијата.

Немаше непосредни извештаи за повредени.

Областа евакуирана како мерка на претпазливост

По пронаоѓањето на дронот, властите ја изолираа областа и ја евакуираа околната област од безбедносни причини.

Романските власти започнаа истрага за да го утврдат потеклото на уредот и околностите под кои стигнал до романскиот брег.

Слично на дроновите од војната во Украина

Романските власти изјавија дека дронот наликува на морски дронови што се користат во војната во Украина.

Тие нагласија дека уредот не е дел од опремата на романската војска и не е поврзан со неодамнешните воени вежби организирани од Министерството за одбрана.

Според досега достапните информации, дронот бил пронајден во морето и транспортиран до пристаништето Констанца, каде што експлодирал за време на инспекцијата.

Романските власти сè уште не објавија од каде дошло дронот ниту како завршил на романскиот брег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компании

Премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Тиват оствари средба со градежните компании.

Мицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компании

По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, се наведува во објавата на ФБ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)

Во текот на својата кариера, Скарлет Јохансон глумеше во бројни љубовни приказни на филм, но не сите беа запаметени по убедливата хемија меѓу актерите. 

Скарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)

Гледајќи наназад кон својата кариера, таа откри кој е нејзиниот омилен романтичен партнер на екранот, а нејзиниот одговор изненади многумина.

Без многу размислување, актерката ја издвои Пенелопе Круз, со која глумеше во романтичната драма „Вики Кристина Барселона“ од 2008 година. „Морам да признаам, Пенелопе беше одлична“, рече Јохансон. „Таа е полна со страст и живот, а нема брада, што дефинитивно е плус“, додаде таа, пишува списанието Far Out.

Љубовен триаголник во филмот на Вуди Ален

Во филмот, Кристина, која ја игра Јохансон, и Марија Елена, која ја игра Круз, беа дел од љубовен триаголник со Хуан Антонио Гонзало, кој го игра Хавиер Бардем. Нивната приказна вклучуваше страсен бакнеж, а токму соработката со Круз остави најголем впечаток кај Јохансон.

YouTube video

Иако Јохансон ја издвои Круз како нејзина омилена партнерка, самата Круз не го сметаше снимањето за толку романтично. Таа ја опиша сцената со бакнежот како „најмалку секси нешто што можете да замислите“, објаснувајќи дека за време на снимањето биле опкружени со „околу шеесет членови на екипата кои јаделе сендвичи со салама“.

Јохансон го спомена и Хју Џекмен, со кого работеше во филмовите „Scoop“ и „The Prestige“, како „прекрасен“ партнер. Сепак, на крајот Круз повторно доби предност. „Сè уште би ја кажала Пенелопе, и тоа само затоа што нема брада“, заклучи актерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер