Шукова: Субвенции од 1000 евра за 10000 семејства за набавка на високоефикасни клима инвертори

СДСМ како одговорна партија останува посветена на остварување на ветувањата од „План за живот", рече на прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Комисија за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ покажуваат дека државата се движи на прав пат.Силно сме посветени на справување со изворите на загадување на воздухот како единствено правилен пристап во решавањето на проблемот со аерозагадувањето.

Од таа причина покрај активностите кои се спроведуваат од Планот за чист воздух за 2019 година, како една од клучните мерки против загадувањето на воздухот е мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за домаќинствата кои се греат на дрва или на други нееколошки енергенси и уреди.

Домаќинствата од општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да бидат субвенционирани со по 1.000 евра, а мерката ќе ја добијат 10.000 семејства кои користат неефикасни уреди што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ допринесе овој проблем да заземе сериозен размер, но со конкретни мерки и интензивна соработка на централната власт со локалната самоуправа решавањето на проблемот со аерозагадувањето е на прав пат.

Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Северна Македонија, и во исто време клучна заложба на Владата предводена од СДСМ, со јасна политичка воља и низа на конкретни мерки кои се спроведени во изминатиот период.

Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди постојаност и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период, со точно определена динамика и во сите области кои се директно поврзани со загадувањето на воздухот.

СДСМ останува на прав пат во борбата против загадувањето на воздухот.Остануваме посветени да обезбедиме квалитетна и здрава животна средина и подобар живот за сите граѓани, рече Шукова.

Ливерпул подготвен да се раздели со Нуњез за 85 милиони евра

 Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Дарвин Нуњез би можел ова лето да го напушти Ливерпул и да ја продолжи кариерата во Барселона.

Менаџерот Жорге Мендеш е во срцето на разговорите за заминување на Нуњез од Ливерпул, тврди денеска шпанскиот весник „Спорт“, повикувајќи се на блиските врски на популарниот фудбалски агент со Барселона и нејзиниот претседател, Жоан Лапорта.

Најавите за евентуално заминување на Уругваецот се интензивираа, откако 24-годишниот Нуњез ги избриша сите негови фотографии поврзани со Ливерпул од својот Инстаграм профил.

„Мендеш сака Дарвин да го напушти Ливерпул. Тој е фудбалер кој многу го цени и има други аспирации за него“, пишува „Спорт“.

Според весникот, управата на Ливерпул е подготвена да го продаде Уругваецот доколку добие понуда од најмалку 85 милиони евра.

„Неговата цена се зголеми во последните години и Ливерпул нема да го продаде за помалку од 85 милиони евра“, наведува шпанскиот весник.

Папа Франциск:Мајките не треба да бидат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за децa

„На институционално ниво има итна потреба од ефикасни политики, храбри, конкретни и долгорочни избори“, рече папата Франциск на конференцијата за стапката на наталитет, што се одржува во Рим.

Проблемот со намалувањето на стапката на наталитетот мора да се решава на институционално ниво, а мајките не треба да се доведуваат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за своите деца, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

„На институционално ниво има итна потреба од ефикасни политики, храбри, конкретни и долгорочни избори“, рече папата Франциск на конференцијата за стапката на наталитет, што се одржува во Рим.

Тој посочи дека посветеноста на светските влади е неопходна за да им се помогне на младите да ги остварат своите цели, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за Газа

Студентите на Универзитетот во Сао Паоло во Бразил подигнаа камп „Солидарност со Газа“ како одговор на израелските напади и поддршка за Палестинците, јави Анадолија.

Студенти на многу факултети на Универзитетот во Сао Паоло, кој важи за најпрестижниот универзитет во Латинска Америка, протестираа против израелските напади врз Газа.

Студентите подигнаа камп „Солидарност со Газа“ пред ректоратот, повикувајќи ја владата на Бразил да ги прекине дипломатските и економските односи со Израел.

Носејќи палестински знамиња тие извикуваа „Слободна Палестина“ и „Веднаш прекин на огнот“, апелирајќи до сите универзитети во земјата да им се придружат.

притисни ентер