МакедонијаШукова со завршна порака: „Се бориме за нашиот дом!“Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска ја упати својата завршна изјава пред гласањето в недела, и ги повика граѓаните на Скопје да излезат на 19 октомври и да гласаат за број 5 за визија, знаење и резултати.„Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него“, порача Шукова, нагласувајќи дека целата кампања се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат животот во градот. Таа го претстави јасниот план за Скопје што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро – со повеќе зелени површини, нови паркови, ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај. „Имаме решенија и за најтешките проблеми отпадот, Дрисла, Вардариште. Со професионално управување, современи технологии и европски стандарди, Скопје конечно ќе стане чист и одржлив град“, изјави Шукова. Таа додаде дека визијата за Скопје подразбира град без урбан хаос, со пешачки зони, велосипедски патеки и јавен превоз што функционира, град каде што жените имаат поддршка, младите можности, децата едукација и забава, а уметниците слобода. „Мојата визија се темели на знаење, чесност и паметно управување. Имаме план и тим што може да го реализира“, заклучи Шукова и ги повика скопјани: „На 19 октомври, гласајте за број 5 за мене и за советничката листа на СДСМ. Гласајте за Скопје што се бори. Скопје што верува. Се бориме за нашиот дом!“ СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПромотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењетоПреку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година. Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот. Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации. Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата ИЈЗТагови: ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook