Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта - Канал 5

Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта

Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта, мотивирани наставници и современи програми за учениците.

Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и иднината на младите генерации. На трибината учествуваа потпретседателките на СДСМ, Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Кристина Костова и Ана Чупевска.

Потпретседателката Ана Чупевска потсети на досегашните резултати и вложувања во образованието и инфраструктурата.

„Како локална власт во периодот 2017–2021 ги реконструиравме сите 23 средни училишта во Град Скопје, поставивме 572 прочистувачи на воздух, обезбедивме бесплатен превоз за сите средношколци и воведовме образовни асистенти. Како централна власт, зголемивме плати на наставниците, укинавме екстерно тестирање и инвестиравме во дигитализација. Тоа е доказ дека СДСМ не само што ветува, туку и реализира"-рече Чупевска.

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, ја претстави визијата за иднината на образованието во главниот град:

„Младите се срцето на нашиот град. Ако тие заминат затоа што не гледаат перспектива, сите планови остануваат само на хартија. Затоа ќе инвестираме во нови училишта, современи програми, дигитализација и лаборатории. Во мојот мандат ќе ставиме крај на незаконското назначување ВД директори, ќе воведеме модерни системи за греење и ќе ја вратиме професионалноста во образованието. Ниту едно дете нема да биде оставено настрана, ќе има поддршка за талентираните ученици, асистенти за ученици со посебни потреби и фондови за младински иницијативи. Скопје мора да стане град во кој младите сакаат да останат, да учат и да создаваат.“

Потпретседателката Кристина Костова порача дека со СДСМ и Каја Шукова ќе има одговорни, одржливи и паметни политики. ,,На овие избори мора да се обединиме против деструктивниот модел на ВМРО-ДПМНЕ. Каја Шукова е гаранција дека Скопје ќе добие градоначалничка која ќе го искористи целиот потенцијал на образовниот систем и наставниот кадар"-порача Костова.

СДСМ останува посветен на создавање на современо, инклузивно и квалитетно образование темел за задржување на младите во Скопје и за развој на град кој ќе се гордее со своите ученици, наставници и граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)

Претседателот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер, Албин Курти, беше гаѓан со јајца за време на денешното продолжение на прекинатата конститутивна седница на собранието на Косово. 

Албин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)

Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката на Алијансата Тиме Кадријај го гаѓаше со јајца.

Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата.

Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)

Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска.

Се судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)

Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден.

Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци.

Полицијата и брзата помош се на местото на настанот, а според неофицијални информации на хрватските медиуми, товарниот воз поминал на црвено светло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен напад

Зеленски, кој вчера пристигна во Белград, со највисоки државни почести беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ.

Зеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен напад

По официјалната церемонија стартуваше разговорот меѓу Вучиќ и Зеленски, соопшти службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Посетата на Зеленски на Белград, која е прва откако тој е на чело на Украина, и разговорите со српскиот претседател се во фокусот на јавноста поради блиските релации на Србија со Русија – владата предводена од СНС на Александар Вучиќ не се приклучи кон санкциите кои ЕУ и ги наметна на Москва по стартот на инвазијата врз Украина.

Додека Зеленски е во Србија, утрово Киев повторно беше мета на жесток ракетен напад во кој загинале најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер