Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра
Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
1Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра
2Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
МакедонијаШукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животниТаа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку дека е потребен систем, поддржан од институции, закон и одговорни граѓани.„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните. Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку дека е потребен систем, поддржан од институции, закон и одговорни граѓани. „Без заедничка одговорност нема долгорочно решение. Подготвена сум да ги прифатам и интегрирам најдобрите предлози што доаѓаат од заедницата на љубителите на животни затоа што токму тие со години се на терен и знаат каде најмногу 'шкрипи'. Ни треба државен стационар односно прифатилиште на градот, општините и владата кој ќе работи 24 часа во денот и во чии рамки ќе има комунални инспектори и казни на лице место со цел законот да се применува, а не само да постои“, рече Шукова пред активистите. Притоа таа посочи дека клучно е да се делува кај изворот на проблемот, а тоа е неконтролираното размножување, неказнетото напуштање миленици и недостигот од надзор. Шукова во својата програма најавува задолжително чипирање на милениците веднаш по нивното раѓање, регулација и надзор на одгледувачниците, како и санкции за нелегален увоз и шверц со чипови. „Решавањето на проблемот со бездомните кучиња е прашање на цивилизациска зрелост. Затоа ќе иницираме измена на Законот за благосостојба на животните, со цел системот да стане поефикасен, а институциите поодговорни“, истакна Шукова. Шукова порача дека нема да се дозволи недостиг од политичка волја која ја блокира работата на ЈП „Лајка“. Притоа на средбата Шукова ја осуди неодамнешната изјава на кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски во која тој ја спори работата на ЈП „Лајка“. “Ѓорѓиевски, со изјавата преку која ја оспорува ефикасноста на ЈП „Лајка“, не само што покажува сериозно непознавање на проблематиката со бездомните кучиња, туку и ја открива хипокризијата на еден функционер кој сам не ги исполнува обврските преземени со договор. Наместо да обезбеди континуирана финансиска поддршка, за што Општина Кисела Вода му должи над 5 милиони денари на ЈП „Лајка“, Ѓорѓиевски избира да ја дискредитира институцијата која и покрај сите пречки работи посветено, хумано и транспарентно. Ваквиот пристап не само што е нечесен, туку ја одразува и пошироката незаинтересираност на дел од локалната самоуправа за системски, меѓуинституционален одговор кон овој децениски проблем“, порача Шукова. Според Шукова, ЈП „Лајка“ треба да се зајакне преку зголемување на капацитетите, воведување ноќна служба и дежурни ветеринарни амбуланти, како и со дополнителен кадар и современа опрема. Сите овие мерки не само што ќе го решат проблемот со бездомните кучињата, туку и ќе постават темели за нова култура на одговорно сопствеништво и заштита на животните во Скопје.Тагови: Каја Шукова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЛишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евраПронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило "голф" во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок. Тагови: фалсификување пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријаваПо документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: спротивна насока Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџетНа осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази произлегува дека во периодот од април до јули годинава, во Скопје, осомничениот, како службено лице, со умисла презел повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело. Искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, тој ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, односно не ја извршувал службената должност, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, причинувајќи штета на Буџетот на Република Северна Македонија за најмалку 85 500 денари. Имено, додека извршувал работни задачи во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од лицата на кои претходно, со специјално возило – пајак, им било подигнато возилото поради непрописно паркирање, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Наместо глобата да ја наплати преку ПОС-терминал, осомничениот ја наплаќал во готовина. На записниците приложувал потврда (слип) од ПОС-терминал за претходно извршена уплата по друг записник и на друго лице, додека паричните средства што ги примал во готовина ги задржувал за себе. Во други случаи, осомничениот прибавил противправна имотна корист за други лица и предизвикал штета на Буџетот на Република Северна Македонија така што, за дел од нив, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог во кои прекршокот го квалификувал како полесен, со што изрекувал помала глоба, спротивно на претходно утврдената фактичка состојба. За друг дел од лицата, пак, воопшто не изготвувал записник ниту наплатувал глоба, иако за нивните возила биле издадени налози за отстранување и тие биле сместени во депото на ЈП „Градски паркинг“, туку дозволувал возилата да го напуштат депото истиот ден. Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Предлогот е заснован на околностите што укажуваат на опасност од бегство, опасност од повторување на кривичното дело, како и опасност од влијание врз сведоците кои во текот на постапката дополнително ќе бидат повикани и испитани. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08