Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите - Канал 5

Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар кој избувна во саботата. Никој не им кажува какви токсини дишеле, и дали сега е безбедно да се движат надвор. 

Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

Тоа што децата ќе следат он лајн настава е уште повеќе збунувачки за нив, и не дава одговор колку е загаден воздухот таму и колку ја загрозува нивната здравствена и еколошка и еколошка безбедност. Наместо институциите на локално ниво да преземат брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, гледаме целосно потфрлање и неодговорност.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Власта на ВМРО ДПМНЕ и на локално и на централно ниво дејствуваше дури по голем притисок на јавноста и медиумите. Не беше јасно кој носи одлуки, општината, град Скопје или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа опасен и токсичен чад, вечерта сите се појавија да се сликаат.

Го прашувам Орце Георѓиевски во кое својство беше во Трубарево, како градоначалник на Кисела Вода или како претседател на ЗЕЛС, оти не виде јавноста како помогнал во справување со еколошката катастрофа во Трубарево. Но сите видоа дека дошол на сликање.

Град Скопје и Општина Гази Баба имаа обврска први да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност се најдобар показател за неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.

Опасните пожари од депониите со отпад веќе не се проблем на една општина, туку се проблем на Скопје. Повеќе не треба да се чека, населението мора да се заштити. Јас кажав дека имам план краткорочни и долгорочни мерки, како да се решат депониите и проблемот со отпадот. Ова не е политика туку мерки кои веднаш треба да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители.

YouTube video

Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

„Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став.

„Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски.

Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина.

Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори.

Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“.

Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври.

ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери.

Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки.

Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ.

Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер