Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
2Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
3Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
МакедонијаШукова ќе присуствува на протестот против Иловица - Еуромакс ја обвинува за пристрасностМинистерката за животна средина Каја Шукова најави присуство на протестот против рудникот во Иловица, кој е закажан за утре во Струмица.Министерката за животна средина Каја Шукова најави присуство на протестот против рудникот во Иловица, кој е закажан за утре во Струмица, по информацијата дека Владата ги споила концесиите за експлоатација на минерална суровина и на руда на бакар и злато. Шукова кажа дека досега до министерството не е пристигнато барање за отпочнување постапка за оценка на влијание на проектот врз животната средина, но рече дека во меѓувреме се консултирале со професори запознаени со проблематиката и како Влада ќе бидат многу внимателни во целиот процес.. Точно е дека донесе владата одлука за спојување на концесиите, тие беа веќе две издадени концесии со ова спојување немаше проширување на концесискиот одпад. Јас ја разбирам загриженоста на граѓаните, ако можам да го изразам мојот личен став и јас сум исто така против нови рудници во државата. Јас ќе се придружам утре, ќе бидам утре во Струмица , сакам да ги слушнам граѓаните. Ние сме мала држава, мислам дека земјоделието треба да е приоритет и треба да бидеме многу внимателни кога даваме дозволи за експоатација на тешко загадувачка индустрија. На изјавата на Шукова реагираа од концесионерот „Еуромак Ресоурсис“. Велат дека се загрижени што процесот повторно се внесува во контекст на дневно-политичката агенда и стравуваат дека ставоите на министерката прејудицираат дека може да одлучува субјективно и пристрасно кога ќе го добие дополнувањето на елаборатот.. -Апелираме до носителите на државни функции да се воздржуваат од изнесување на лични ставови. Облигациониот однос меѓу Еуромакс Ресоурсис и Владата е државна работа која произлегува од правно валидни акти потврдени со одлуки на Суд, а не приватен и личен однос меѓу случајни познаници. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова има обврска да биде свесна на евентуалните правни последици од денешната нејзина изјава со која изрази личен став дека генерално е против рудници. – стои во реакцијата на компанијата- - Еуромак Ресоурсис. Утрешниот протест во Струмица го организираат од иницијативата „Здрава котлина“, кои остануваат на ставот дека евентуалното отворање на рудникот ќе има штетни последици по здравјето на луѓето, животните и растенијата.. Од друга страна, концесионерот уверува дека инвестицијата е во најдобар интерес за државата и дека е вин-вин сценарио за економски развој, нови работни места, приход за граѓаните и безбедна животна средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите - ќе му го дадат руската и српската службаМицкоски бара алиби за избори. Кажува дека нема да има предвремени избори, но може ако некој му фрли ракавица. СДСМ јасно порача дека нема да биде алиби на Мицкоски. Тој не сака да признае дека нема пари во буџетот. Сè потрошил за криминални тендери. Секоја недела нови задолжувања, но тоа нема да може да оди во недоглед. Сепак, за секое задолжување или кредит, потребни се гаранции. Со водење на ваква економија од денес за утре, нема да добие можност за ново задолжување. Го нема повеќе Орбан, па да пласира кинески пари преку Унгарија во земја членка на НАТО. Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски. Мицкоски е руски прокси-играч. Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција. Владата и Мицкоски немаат ниту еден резултат. Економија, земјоделство, образование, здравство, дипломатија - ЕУ процесот. Ништо. Вучиќ најави избори. Мицкоски мора да ги распише изборите во исто време со него. Не може да чека тој да изгуби како и другиот негов ментор Орбан, кој целосно ја изгуби власта. Мицкоски, покрај 40 проценти орбанови медиуми, воведува тешка српска медиумска артилерија преку АЛО групата и лиценцата на Euronews. Кампањата е заснована на поделби по моделот на Ванчо Михајлов. Повеќе не можат да ги користат Бугарите во кампања како минатиот пат, бидејќи се компромитираа - цело ВМРО и нивните семејства не само што имаат бугарски државјанства, туку и фирми. Потребен е нов измислен противник. Ќе го најдат, ќе го измислат кај Албанците. Веќе видено сценарио - тоа не е потребно само за националистичката кампања на ВМРО во Македонија, туку и за менторот Вучиќ. Затоа Стоилковиќ деновиве е во Србија на договори со СНС. На Мицкоски му треба алиби - ќе го добие од српските и руските служби, преку своите сателити во Македонија. Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога. СДСМ нема да учествува во оваа игра. Нема да бидеме алиби. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и МицкоскиДве здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи. За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата. Нема кој одобрил, кој потпишал. Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции. Кризата со западно нилската треска исто така. Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија. Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице. Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст. Речиси секојдневно се примаат нови болни. Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности. Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата. Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност. Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците. Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави? Тотален распад, неспособност. СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус. Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава. Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетникВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook