Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош - Канал 5

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

 Карпошани заслужуваат подобро“, истакна Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје.

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

Кандидатките од СДСМ за градоначалнчки на Скопје и Карпош, Каја Шукова и Маја Мојсова, денеска одржаа заедничка прес-конференција на локација во Карпош каде што никнала дива депонија, иако според Генералниот урбанистички план, таму требало да има зелена и рекреативна зона.„Простор кој треба да биде парк, денес е претворен во дива претоварна станица за отпад. Наместо зеленило смрдеа, ѓубре и ризик по здравјето на граѓаните. Карпошани заслужуваат подобро“, истакна Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје.

Таа посочи дека оваа локација е само еден од многуте примери за негрижата на градските и општинските власти предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните, како што рече, се оставени сами во борбата со отпадот и загадениот воздух.

„Ќе воведеме модерен систем за селекција и преработка на отпад, ќе набавиме нова опрема, и ќе ја реконструираме целата комунална инфраструктура. Скопје ќе биде чист град, со нови зелени површини, а дивите депонии како оваа ќе станат минато“, додаде Шукова.

Од локацијата се обрати и Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Карпош, која истакна дека проблемот е уште подлабок на локално ниво за оваа критична зона не постои донесен Детален урбанистички план (ДУП), што ја остава отворена за злоупотреба.

„За делот меѓу булеварите Илинден, 8-ми Септември и реката Вардар, нема ДУП. Просторот се контаминира со отпад и ги труе нашите сограѓани. Мој прв чекор како градоначалничка ќе биде носење на ДУП со единствена намена зеленило и рекреација“, рече Мојсова.

Таа додаде дека нејзината визија за Карпош е општина со повеќе паркови и помалку отпад, со чиста животна средина и јавни простори достапни за сите граѓани.

„Карпошани ќе добијат современ парк, со содржини за спорт и рекреација. И не само тука – мојата заложба ќе биде повеќе зеленило секаде каде што условите го дозволуваат тоа. Затоа што Карпошани заслужуваат повеќе зелено, а не повеќе бетон“, потенцираше Мојсова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компании

Премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Тиват оствари средба со градежните компании.

Мицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компании

По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, се наведува во објавата на ФБ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)

Во текот на својата кариера, Скарлет Јохансон глумеше во бројни љубовни приказни на филм, но не сите беа запаметени по убедливата хемија меѓу актерите. 

Скарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)

Гледајќи наназад кон својата кариера, таа откри кој е нејзиниот омилен романтичен партнер на екранот, а нејзиниот одговор изненади многумина.

Без многу размислување, актерката ја издвои Пенелопе Круз, со која глумеше во романтичната драма „Вики Кристина Барселона“ од 2008 година. „Морам да признаам, Пенелопе беше одлична“, рече Јохансон. „Таа е полна со страст и живот, а нема брада, што дефинитивно е плус“, додаде таа, пишува списанието Far Out.

Љубовен триаголник во филмот на Вуди Ален

Во филмот, Кристина, која ја игра Јохансон, и Марија Елена, која ја игра Круз, беа дел од љубовен триаголник со Хуан Антонио Гонзало, кој го игра Хавиер Бардем. Нивната приказна вклучуваше страсен бакнеж, а токму соработката со Круз остави најголем впечаток кај Јохансон.

YouTube video

Иако Јохансон ја издвои Круз како нејзина омилена партнерка, самата Круз не го сметаше снимањето за толку романтично. Таа ја опиша сцената со бакнежот како „најмалку секси нешто што можете да замислите“, објаснувајќи дека за време на снимањето биле опкружени со „околу шеесет членови на екипата кои јаделе сендвичи со салама“.

Јохансон го спомена и Хју Џекмен, со кого работеше во филмовите „Scoop“ и „The Prestige“, како „прекрасен“ партнер. Сепак, на крајот Круз повторно доби предност. „Сè уште би ја кажала Пенелопе, и тоа само затоа што нема брада“, заклучи актерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)

Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во нападите врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Украински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)

На прашањето за погодените бродови во Таганрошкиот Залив, министерството рече дека меѓу екипажите имало вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не му припаѓале на Азербејџан.

Украинците тврдат дека целта на нападите биле бродови што превезувале воен товар и украдено жито.

Порано во петокот, Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле пет брода во пристаништата Мариупол и Бердјанск, како и во крајбрежните води на територија контролирана од Русија.

Роберт Бровди, командант на украинските беспилотни летала, во соопштението изјави дека неговите беспилотни летала погодиле товарни бродови и танкер вклучен во „кражбата“ на украинско жито и преносот на воен товар и гориво, при што имињата на бродовите биле префарбани, а радарите биле исклучени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер