Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла имам решение на проблемот со депонијата - Канал 5

Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла имам решение на проблемот со депонијата

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје.

Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла имам решение на проблемот со депонијата

Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно го третира отпадот на Дрсила, и тоа е причина зошо се случуваат пожари на депонијата. Таму не прават буквално ништо што подразбира соодветно третирање на отпадот. Што значи соодветен третман?

Отпадот се покрива со земја која се компактира односно пресува, со што се намалува волуменот на отпадот и најважно од се се истиснува кислородот, што е клучна причина за самозапалување.

Процесот продолжува со повторно покривање до запачеатување на отапдот што се третира, и се спречува да нема кисород и да нема влага. Тоа може да се прави или со земја или со глина. Во близина на Дрсила има глина, која за жал не се користи.

Паралелно не се третираат ни гасовите кои може да предизвикаат експлозија на депонијата, односно не се применува соодветен третман за контрола на гасови и нивно конторлирано палење за да се елеминираат.

Гасењето со вода дополнително отвара уште еден пробелем загадување на Маркова Река, бидејќи се што истекува од депонијата Дрисла се влева во реката.

Еве како треба да работат јавните претпријатија во Скопје. Но фактичката состојба покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неумее.

Наместо заштита на граѓаните и соодветни решенија, најлесно е да се обвини СДСМ. Еднаш видовме неуспешна концесија за Дрисла, сега нудат јавно приватно партнерство, од тоа само ВМРО ДПМНЕ ќе има бизнис и личен профит, а жителите на Скопје и понатаму ќе се трујат.

Јас знам и имам план како да се воспостави систем за отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман но пред се намалување на количините на отпад, преку селектирање и реупотреба. Дождт нема да ни го реши проблемот на Дрсила, без употреба на соодветни техники за управување со отпад.

Изјава на кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Светската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. 

СЗО: Нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума.

Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа.

СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО.

На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО.

Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа.

Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер