Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра
Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
1Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра
2Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
МакедонијаШукова: Центарот на Скопје ќе стане пешачка и велосипедска зона, без автомобили„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова при денешната прошетка на Мал Ринг. Таа ја сподели нејзината визија за центарот на градот кој предвидува затворање на сообраќајот и ставање на јавниот простор во функција на пешаците, туристите, велосипедистите, не на автомобилите. „Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола - град кој ќе биде пристапен и функционален. Мојата визија за „Мал ринг“ е суштинска промена на центарот на градот. Проект кој подразбира затворање на мал ринг за сообраќај, адаптиран за пешаците и велосипедистите. На Рекорд ќе има дозвола за превоз само за ЈСП и специјални возила. Ќе го заживееме јавниот простор со урбана опрема и ќе воведеме посебни содржини. Центарот многу брзо ќе го добие ликот како што заслужува нашето Скопје и ќе го врати сјајот на метропола“, рече Шукова. Шукова оттаму порача дека Скопје сега е задушен град поради неуспешните импровизации на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска. „Централното градско подрачје, познатиот „Мал ринг“ кој е срцето на Скопје, сега е задушен, поради деструктивните импровизации на ВМРО ДПМНЕ и незаинтересираноста на нивната менаџерка Данела Арсовска. ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје - скапо платен со народни пари, а со трајни последици по јавниот простор. Денес, строгиот центар на Градот е задушен од објекти, прекумерен сообраќај и без соодветна инфраструктура за пешаците и велосипедистите. Тоа време мора да остане зад нас! “, изјави Шукова денеска. Притоа кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова најави дека „Мал ринг“ ќе биде почетокот на трансформацијата и ревитализацијата на Скопје во град кој не само што ќе го следи, туку ќе го поставува темпото за урбаниот развој во регионот.Тагови: Каја Шукова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евраПронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило "голф" во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок. Тагови: фалсификување пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЛишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријаваПо документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: спротивна насока Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаОсомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџетНа осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази произлегува дека во периодот од април до јули годинава, во Скопје, осомничениот, како службено лице, со умисла презел повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело. Искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, тој ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, односно не ја извршувал службената должност, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, причинувајќи штета на Буџетот на Република Северна Македонија за најмалку 85 500 денари. Имено, додека извршувал работни задачи во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од лицата на кои претходно, со специјално возило – пајак, им било подигнато возилото поради непрописно паркирање, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Наместо глобата да ја наплати преку ПОС-терминал, осомничениот ја наплаќал во готовина. На записниците приложувал потврда (слип) од ПОС-терминал за претходно извршена уплата по друг записник и на друго лице, додека паричните средства што ги примал во готовина ги задржувал за себе. Во други случаи, осомничениот прибавил противправна имотна корист за други лица и предизвикал штета на Буџетот на Република Северна Македонија така што, за дел од нив, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог во кои прекршокот го квалификувал како полесен, со што изрекувал помала глоба, спротивно на претходно утврдената фактичка состојба. За друг дел од лицата, пак, воопшто не изготвувал записник ниту наплатувал глоба, иако за нивните возила биле издадени налози за отстранување и тие биле сместени во депото на ЈП „Градски паркинг“, туку дозволувал возилата да го напуштат депото истиот ден. Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Предлогот е заснован на околностите што укажуваат на опасност од бегство, опасност од повторување на кривичното дело, како и опасност од влијание врз сведоците кои во текот на постапката дополнително ќе бидат повикани и испитани. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08