3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
МакедонијаШукова: 261 милион евра помалку странски инвестиции - ВМРО ДПМНЕ ја уништи довербата на инвеститоритеСтранските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на штетните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Последните податоци на Народната банка се поразителни и ја демантираат власта која упорно сака да не убеди дека државата се движи напред. Во однос на последниот квартал од 2024 година, странските директни инвестиции се намалени за 261,7 милиони евра – од 397,5 на 135,8 милиони евра. Во споредба со истиот квартал лани Во споредба со истиот квартал лани, падот е 191,4 милиони евра. И ова е најниско ниво на СДИ од 2020 година - година кога имаше ковид пандемија. Денес нема глобална криза, но имаме домашен економски колапс – создаден од неспособната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Само за пример, лани странски директни инвестиции беа на ниво од 1,25 милијарда евра 2024 година и тоа не поради оваа влада, туку како резултат на правилните политики на владата на СДСМ кои придонесоа за за стабилна деловна клима, предвидливост и доверба кај странските компании. Залудно се обидува Мицкоски да го прикрие падот на странските инвестиции за најава за нова инвестиција од 30 милиони евра. Реалноста е јасна – економијата оди надолу, а инвеститорите си заминуваат. За една година успеаја да ја уништи деловната клима за странските инвеститори, што СДСМ ја воспостови. Оваа влада ниту знае ниту има капцитет како да ги задржи посточките странски инвестиции, а уште помалку да привлече нови. Странските компании инвестираат таму каде што има стабилност, јасни правила, економска визија и владеење на правото. Ништо од тоа не постои денес во Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Реалната слика е спротивна од очекувањата на инвеститорите – влада без капацитет, нестабилна економска политика, замрзната европска агенда, партиски популизам и нефункционална дипломатија. Затоа странските инвеститори го губат интересот. Никој не сака да инвестира во држава во која премиерот прикажува лажен економски раст, а во реалноста економијата тоне. Никој не сака да инвестира во држава во која владата цела година нема донесено ниту една вистинска економска реформа. БДП-то расте само на хартија, додека граѓаните осиромашуваат Македонија е меѓу трите најслаби економии во Европа по раст на продуктивност и индустриско производство. Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се помалку за живот. За 20% е намаена купувната моќ на граѓаните- односно за 20% помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. Платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.Македонија претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра. Средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива. Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да сокрие - релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа. ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија назад. Немаат ниту план, ниту капацитет за развој на економијата. Тоа се потврди и со новиот ребаланс кој е јасен показател дека економијата тоне, а ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс. СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани. Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот. Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжиПозициите Скопје и Софија и по тет а тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит за коридор 8 - остануваат непроменти...Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, вклучително и уставни измени, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања. Според Муцунски иако позициите и по оваа средба останале непроменети, таа минала во позитивен дух а дијалогот како што изјави ќе продолжи. -Најдобриот начин за довербата е исполнување на преземените обврски, изјави Петрова Чамова. Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Марта Кос. Разговарале и околу билатералниот спор но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во овој процес, изјави Муцунски... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војнатаАмериканските и украинските делегации денес во Мајами започнуваат дводневни разговори за нови предлози за ставање крај на војната во Украина, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски и украински официјални лица. Една од темите треба да биде можноста за делумен прекин на огнот, кој би опфатил напади врз енергетската инфраструктура и испораките на жито. Исто така, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина, како и за планот за економско закрепнување на земјата по војната. Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се обидува да најде формула што би ја прекинала повеќемесечната блокада во преговорите пред почетокот на зимата и пред американските избори на средината на мандатот. „Сите се загрижени поради зимата. Ќе биде тешка зима доколку војната не запре. Затоа САД се обидуваат да посредуваат меѓу страните со цел да се создаде заеднички предлог“, изјави американски извор за „Аксиос“. Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, вчера се сретнаа со претседателот за да го претстават најновиот предлог на САД и да добијат насоки од него пред разговорите во Мајами. Во преговорите ќе учествуваат високи украински претставници, а САД упатија покани и до советниците за национална безбедност на Велика Британија, Франција и Германија, како и до претставници на НАТО и на Европската Унија. Володимир Зеленски вчера потврди дека Киев со Вашингтон разговара за можноста за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура и врз пратките со жито. „Сè уште не сум подготвен да кажам што би можело да биде реално или пореално. Не сакам да кажам нешто, а Русија – како и секогаш – од инает да го направи спротивното. Затоа, да почекаме“, рече Зеленски. Според „Аксиос“ (Axios), Украина е подготвена да разгледа таков ограничен прекин на огнот, додека Русија досега покажала мал интерес за предлогот. Виткоф и Кушнер би можеле повторно да заминат во Москва „Аксиос“ исто така пренесува дека Виткоф и Кушнер можеби повторно ќе отпатуваат во Москва подоцна овој месец на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата ја посетија Москва и Киев на почетокот на септември и оттогаш работат со двете страни на изменет американски мировен предлог. Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја опиша војната како состојба на пат-позиција, наведувајќи дека Вашингтон сака да спречи понатамошна ескалација и да се обиде да најде пат кон завршување на конфликтот. И покрај новата дипломатска иницијатива, во моментов нема знаци дека се решени главните отворени прашања меѓу Москва и Киев, особено оние што се однесуваат на територијата и на долгорочните безбедносни гаранции за Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00