Штрајкот на словенечките доктори трае со месеци, имаат само две барања - Канал 5

Штрајкот на словенечките доктори трае со месеци, имаат само две барања

Состојбата во повеќето болници во Словенија е стабилна и покрај долготрајниот штрајк на лекарите, соопштија претставници на словенечкото Министерство за здравство по денешната средба со директорите на болниците.

Штрајкот на словенечките доктори трае со месеци, имаат само две барања

Државниот секретар во Министерството за здравство Марјан Пинтар изјави дека состојбата во повеќето болници не се влошува, туку дека штрајкот ја влошува состојбата во однос на листите на чекање, а најпогодени се областа на хирургија и радиологија, соопшти агенцијата СТА.

Министерството реагираше и на неодамнешното протестно писмо од матичните лекари, во кое се вели дека бројот на матичните лекари не може да се зголемува преку ноќ.

- Директорите на болниците се претпазливи за следните месеци, знаејќи дека до јуни лекарите ќе мора да ги користат деновите на одмор од 2023 година, што ќе го отежне уште повеќе планирањето на работата и обезбедувањето непречен пристап до здравствена заштита - изјави словенечката министерка за здравство Валентина Преволник Рупел по онлајн состанокот.

Пинтар предупреди и дека ситуацијата може дополнително да се влоши во летните месеци.

Од министерството велат дека се трудат што поскоро да го прекинат штрајкот на здравствените работници.

Продолжувањето на преговорите со синдикатот на лекари Фидес е закажано за следниот четврток.

Министерството вчера одговори и на неодамнешното протестно писмо од матичните лекари, во кое се наведува дека бројот на матични лекари не може да се зголемува преку ноќ.

Повеќе од 300 матични лекари во понеделникот испратија отворено писмо до Владата, Министерството и Лекарската комора за да ја изразат својата загриженост поради повиците за зголемување на бројот на регистрирани пациенти по матичен лекар во услови на голем недостиг на лекари од општа медицина.

Синдикатот на словенечките лекари Фидес на 15 јануари започна генерален штрајк, почитувајќи го минималниот работнички процес, барајќи повисоки плати и системот на плати за лекарите и стоматолозите да биде одделен и независен од општиот систем на плати во јавниот сектор.

Синдикатот најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ додека не се исполнат барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова патека и нов ски лифт на Михајлово

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.

Јанчев: Нова патека и нов ски лифт на Михајлово

-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. 

СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор

Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите.

Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого.

А нема ниту чиста вода во Гостивар.

Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто - здравјето на луѓето.

Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори.

Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме ова да се заташка.

Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична.

Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат.

СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции.

Кривичната пријавата е против:

-Сашко Клековски – Министер за здравство во Владата на Мицкоски.

-Марија Андоновска – Директорка на Институтот за јавно здравје.

-Кирил Лазов - Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

-Шпенди Амети, Директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) – Тетово.

Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар.

Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење.

Иако по 200 граѓани дневно се пријавувале со здравствени тегоби 5 дена никој не презел ништо, да ја утврди причината, да реагира.

Се задоцни и со прогласување на епидемијата.

Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај.

Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар.

Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност.

Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи, да ги преземе сите дејства за утврдување на фактите и доказите за наведените во оваа кривична пријава.

Одговорност мора да има.

YouTube video

Скопје, 10.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајка меѓу камион со дрва и три автомобили на патот Гостивар-Стража

Три автомобили и камион натоварен со дрва учествува утрово во сообраќајна несреќа на патот Гостивар - Стража. 

Сообраќајка меѓу камион со дрва и три автомобили на патот Гостивар-Стража

Четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва, се судрија денеска на патниот правец Гостивар – Стража, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната несреќа предизвика значително отежнување на сообраќајот и создаде долги колони во двата правци.

Според првичните информации од терен, во несреќата учествувале три патнички автомобили и еден камион што превезувал дрва. Од силината на ударот, дел од товарот на камионот се растурил по коловозот, дополнително блокирајќи го минувањето на останатите возила на оваа фрекфентна делница.

Додека трае расчистувањето на коловозот и преместувањето на оштетените возила, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили во насока кон Кичево и кон Гостивар.

Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош.

„По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер