ЕвропаШтрајк во воздушниот сообраќај во Италија, откажани 55 проценти од летовитеШтрајкот во авиоиндустријата во Италија, кој трае 24 часа, доведе до откажување на 55 проценти од летовите.Вработените во авиокомпаниите, аеродромите и во сродните сектори, вклучувајќи го и копнениот и авионскиот персонал на „ИТА Ервејс“ и „Изиџет“, протестираат поради условите за работа, објави италијанската новинска агенција AНСА. Штрајкот го организираат неколку синдикати. Компанијата „ИТА Ервејс“ веќе откажа 55 проценти од своите летови, што е околу 160 летови, според податоците на синдикатот. Исто така и екипажот на „Вуелинг“ е во четиричасовен штрајк од 13 до 17 часот. Првиот загарантиран термин за патниците беше од 7 до 10 часот, а следниот од 18 до 21 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови линии улично осветлување на повеќе локации во општина ИлинденОпштина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри. Инсталирани се нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во н.м Илинден, во должина од 450 метри, на патниот правец Бујковци – Мршевци во должина од 470 метри, на дел од улицата „500“ во должина од 120 метри. Дополнително, осветлени се потегот од Спортската сала „Гоце Делчев“ до СОСУ „Илинден“, улицата од плоштадот кон СОСУ „Илинден“, паркинг-просторот на училиштето, како и улицата и паркингот кај детската градинка, во должина од околу 450 метри. Со поставувањето на новото ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста и безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот, а истовремено се обезбедува поекономично, поефикасно и поодржливо функционирање на системот за јавно осветлување. Паралелно со поставувањето на нови линии, екипите на ЈКП „Илинден“ континуирано работат на докомплетирање на постојната мрежа за јавно осветлување со санација на оштетените светлосни места, при што се заменуваат дотраените светилки со нови, современи ЛЕД рефлектори. Општина Илинден останува посветена на континуирани инвестиции во јавната инфраструктура, реализирајќи проекти што придонесуваат за создавање побезбедна, поуредена и енергетски поефикасна животна средина за сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаОд полноќ бензините поскапуваат за половина денарРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот за 2,183%, кај екстра лесното масло за 1,907% и кај мазутот намалувањето е за 4,388%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%. Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм) Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,796 ден/кг и сега ќе изнесува. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МетеоУХМР: Од утре до сабота променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежиСпоред Управата за хидрометеоролошки работи од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook