Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
2Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
2УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
БалканШтрајк на царинските службеници утре и задутре во ГрцијаВо прекин сообраќајот на граничните премини. Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, утре и задутре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина велат дека граѓаните кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување. Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи, како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот. Дводневниот штрајк на цариниците ќе започне утре во шест часот наутро, се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите. Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за МИА објаснуваат дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците. За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување. Истите извори посочуваат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот. Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови. Од Грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова кривична за Стевчо Јакимовски: Издавале одобрение за градба иако ДУП-от бил поништенНова кривична пријава од МВР доби екс градоначлникот на Карпош Стевчо Јакимовски.Тој е осомничен дека потпишувал договори со инвеститори за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која деталниот урбанистички план бил укинат и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење. Освен Јакимовски, со пријават опфатени се и раководителката на секторот за урбанизам и вработена во иститот сектор кои на инвеститорите им ги издале одобрениета за градење.. Јакимовски веќе е осуден за затворска казна за злоупотреба на службена положба, но Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување и наскоро се очекува да излезе од затвор.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМиротиќ со изненадувачки трансфер во ВаленсијаЕден од најдобрите европски кошаркари во последните неколку години, досегашниот член на Монако, Никола Миротиќ останова во Евролигата и следната сезона ќе игра во Валенсија, потврди шпанскиот клуб.Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија. „Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи. Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар. Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот. Миротиќ ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а во 2014 година се пресели во НБА. Во текот на шест сезони во најсилната лига во светот, тој настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс. На 319 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, тој имаше просек од 12,3 поени и 5,9 скока. Тој се врати во европската кошарка во 2019 година, кога потпиша за Барселона. Токму во каталонскиот клуб ја одигра една од најдобрите сезони во кариерата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во сезоната 2021/22. По заминувањето од Барселона во 2023 година, Миротиќ помина две сезони во Олимпија Милано пред да се пресели во Монако минатото лето. И покрај големиот број индивидуални признанија и трофеи освоени на домашната сцена, на Миротиќ сè уште му недостасува највредната европска клупска титула – онаа на шампион во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор планКога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку. На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството. Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион. Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Токму затоа довербата во правосудството е на дното. А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook