Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин - Канал 5

Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин

Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром Бранденбург во Берлин денеска ќе биде речиси целосно во прекин поради штрајкот свикан од синдикатите во врска тековниот спор во врска со платите на вработените.

Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин

Со штрајкот што почна во шест часот изутринава ќе бидат засегнати околу 445 летови со околу 57 илјади патници. Неколку летови веќе се откажани, а на патниците им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за информации за алтернативни патувања и пререзервации.

Верди, еден од најголемите синдикати во Европа, е во преговори со компанијата „ФББ“ што стопанисува со аеродромот Берлин-Бранденбург, барајќи шестпроцентно зголемување на платите или најмалку 250 евра за околу две илјади вработени. Согласно последниот колективен договор со важност од 12 месеци, Синдикатот уште бара и дополнителен слободен ден за работниците.

Во текот на втората рунда преговори од минатата недела, претставниците на работодавачот изнеле почетна понуда што за Синдикатите не била доволна.

Директорката на „ФББ“, Алетa фон Масенбах, го оцени штрајкот како непропорционален, особено што е свикан во „веќе многу напната ситуација поради војната во Иран“. Таа изрази уверување дека договор ќе биде постигнат на следната рунда преговори закажана за 25 овој месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Дурант го направи најскапиот селфи на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди...

Мајкл Рубин, американски бизнисмен чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави селфи на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот.

Видео- Фото: Дурант го направи најскапиот селфи на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди...

Фотографијата, која веднаш привлече светско внимание по објавувањето, е направена за време на фестивалот Фанатикс, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин.

За селфи да ја опфати оваа поголема група, потребен беше некој со долги раце...

Изборот беше лесен: Кевин Дурант, еден од најголемите кошаркари на НБА во последната деценија, со телефонот во рака (стапчето за селфи беше излишно), го овековечи овој навистина незаборавен момент.

Дурант се „улови“ себеси, најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ, капитенот на Шпанија Родри, легендата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Рио Фердинанд, волшебникот со буба мара Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт.

На втората фотографија, која е направена од друг агол и го прикажува моментот на правење на селфито, во кадарот се и селекторите на Аргентина и Шпанија, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот.

Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката.

На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство.

Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите.

Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. 

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД.

Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер