Штогер: Болт има талент, но се разликува од фудбалерите на физички план - Канал 5

Штогер: Болт има талент, но се разликува од фудбалерите на физички план

Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штогер ги сподели своите искуства од учеството во петочниот тренинг на тимот на светскиот рекордер на 100 метри, Усаин Болт.

Штогер: Болт има талент, но се разликува од фудбалерите на физички план
- Усаин е неверојатно добродушно момче, спортист со таква биографија, но екстремно приземјен, и бевме почестени да се сретнеме и да работиме со него. Болт сонува да тренира со тим од високо ниво. На теренот, тој чувствува задоволство и се виде на неколку пати, дека има добар пристап кон играта. Тој дефинитивно е талентиран. Но ако Болт сака да игра на високо ниво, ќе треба да одработи уште доста, бидејќи неговата физичка подготвеност силно се разликува од онаа на фудбалерите, рече Штогер пред официјалниот сајт на Борусија.

Болт веќе беше вклучен во составот Мамелади Сандаунс, и постојано ја искажува својата желба да стане професионален фудбалер. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот.

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница.

„Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, истакна Герасимовски.

Тој информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дала позитивно мислење за нацрт-ДУП-от „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација.

Позитивни мислења и оценки доставиле и Комисијата за урбанизам на Град Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за води и Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ-Топлификација, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Управата за заштита на културното наследство, АД „Водостопанство“ и Министерството за внатрешни работи.

Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт-ДУП-от, ниту дека со нив завршува постапката.

„Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки“, рече Герасимовски.

На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен.

„Имаме законска обврска да ја водиме постапката, но тоа не значи дека нацрт-ДУП-от мора да биде усвоен по секоја цена. Ќе ги разгледаме сите забелешки, ќе ги направиме потребните дополнителни анализи и ќе бараме решение кое нема да ја доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Додека не ги расчистиме овие прашања, нема да предложам нацрт-ДУП-от „Барутана“ да се најде на дневен ред на Советот“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собир

Одбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели,  по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор.  

Одбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собир

Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија.

Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки.

Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста.

Одбраната нагласува дека почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење.

Секое одлучување на надлежните органи треба да се почитува без политички притисоци, лични интерпретации и јавен притисок.

Воедно, потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива.

Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната.

Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка, стои во соопштението до јавноста од одбраната на Артан Груби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж со месеци бил болен, а потоа поставил камера – сопругата, тестот и тештата завршиле во затвор!

Грчката полиција во атинската населба Перистери истражува шокантен случај на обид за убиство, во кој главна осомничена е 40-годишната сопруга на воен лекар, со кого е во бракоразводна постапка. 

Маж со месеци бил болен, а потоа поставил камера – сопругата, тестот и тештата завршиле во затвор!

„Ертњуз“ пренесува дека лекарот (41) со месеци страдал од необјасниви здравствени проблеми, кои се појавувале главно по јадење, поради што се посомневал дека нешто не е во ред и одлучил да постави скриени камери. Случајот целосно бил разоткриен кога на снимките било забележано како неговата сопруга, со која има малолетно дете, става непозната супстанца во храната, за која се утврдило дека е атропин.

Лекарот првите здравствени проблеми ги забележал уште во февруари. Откако сфатил дека мачнината и слабоста се појавуваат исклучиво по оброците, се посомневал во сопругата. Клучниот пресврт се случил пред околу два месеца во еден ресторан во северното предградие на Атина. По вечерата, лекарот повторно почувствувал здравствени тегоби, па се вратил во ресторанот и побарал да ги види снимките од безбедносните камери.

На нив видел шокантна сцена – сопругата тајно му сипала сомнителна течност во чашата додека тој бил во тоалетот. За да биде целосно сигурен и да собере неоспорни докази, поставил скриен видеонадзор и во нивниот дом. Во неделата попладне, камерата ја снимила 40-годишната жена како става опасен атропин директно во тегла со мед. Воениот лекар веднаш ја алармирал полицијата. Откако сфатила дека е откриена, жената се обидела да избега, што довело до филмска потера низ улиците на Перистери.

Полицајците на мотоцикли од единицата ДИАС успеале да ја пресретнат и уапсат во близина на домот. Медиумите објавиле и видеоснимка од самото апсење, на која се гледа како осомничената трча и вика „Помош“, додека гостите во блиските кафулиња во паника ја набљудуваат полициската акција. Но, тука не завршиле шокантните откритија. Набргу биле уапсени и нејзините родители, кои ја чекале во автомобил во близина. Полицијата во нивното возило пронашла дури 10 литри атропин, како и соодветна медицинска опрема. Атропинот е фармацевтска супстанца која, меѓу другото, се користи како противотров при одредени видови труење.

Внесувањето на оваа супстанца во несоодветни и прекумерни дози предизвикува сериозни несакани ефекти и директно го загрозува животот. Примероците од храната во која бил ставен отровот итно биле испратени на лабораториско испитување за да се утврди точната концентрација. Мотивот за овој застрашувачки обид за убиство сè уште не е официјално потврден, бидејќи осомничената допрва треба да ја изнесе својата одбрана пред надлежните правосудни органи во Грција.

Фото:Илустрација/ChatGpt

Извор: НИН

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер