ЗдравјеШто треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19За КОВИД 19 се знае дека претставува голема закана за лицата заболени од малигни болести, од една страна заради ризикот од заразување со инфекцијата, и од друга страна затоа што може да се соочат со потежок тек на болеста. Така овие пациенти имаат поголем ризик од компликации, па затоа треба да преземат соодветни заштитни мерки. Со цел полесно справување со влијанието на корона вирусот (COVID-19) врз здравјето на овие пациенти, многу здруженија и организации публикуваа извештаи, анализи и препораки за лица од особен ризик поврзан со COVID-19, како што се Светската здравствена организација (WHO), Американскиот центар за контрола и превенција на болести (анг. Centers for Disease Control and Prevention, CDC), Американското здружение за клиничка онкологија (анг. American Society of Clinical Oncology, ASCO), и Европското здружение за хематолошки болести и трансплантација на коскена срцевина (European Society for Blood and Marrow Transplantation, EBMT). Препораките се однесуваат и за пациентите со онколошки или хемато-онколошки состојби кои веќе ја завршиле терапијата, како и за пациентите кои се сè уште на лекување. Сите препораки напоменуваат дека е неопходно да се продолжи со редовната терапија за основното хематолошко или онколошко заболување кај пациентите кои се на третман, освен во ретки случаи кога докторот ќе процени поинаку и ќе предложи промена на третманскиот режим. Приоритетно е да се почитуваат ригорозно сите мерки препорачани од Министерството за здравство. Со засилена себе-заштита и со максимално редуцирани контакти со надворешна средина се продолжува и се следи редовниот план за третман на онколошката болест во консултација со својот лекар без разлика дали станува збор за хемотерапија, зрачна или биолошка терапија. Како дополнителна превентивна мерка за поголема заштита, Министерството за здравство прави дисперзија на терапијата за пациентите за дел од онколошките заболувања, во регионалните онколошки центри во Битола, Штип и Тетово. Според ова, дел од пациентите за кои тоа е возможно терапијата ќе ја примаат во локалните центри и нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија во Скопје. Бидејќи оваа мерка не може да се применува за сите типови карциноми, неопходно е пациентот претходно задолжително да се консултира со својот онколог или сестра од Клиниката во однос на тоа дали ќе има промени и доколку има, кој е точниот термин и локацијата, т.е центарот каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. Дисперзијата на дел од онколошката терапија е направена со цел поголема заштита на пациентите и да се намали ризикот од нивно изложување на вирусот. Здравствените лица досега не најдоа некои специфични причини поврзани со COVID-19 за прекин на терапијата, освен доколку лекарот кој го води пациентот не процени поинаку во конкретниот случај. За пациентите со намален имунитет од оваа група не постои потреба од превентивна антивирална терапија поврзана со ризикот од COVID-19. Додека пак, само и исклучиво за оние пациенти кај кои е дијагностицирана COVID-19 инфекција, треба да се ревидира стандардниот план за менаџмент на карциномот, односно хемато-онколошката состојба во насока на одложување или промена на терапијата, исто како што е случај кај сите пациенти со активна инфекција. Подеталните и специфични препораки се однесуваат на сите пациенти со онколошки или хемато-онколошки состојби, кои веќе не се на терапија (го завршиле својот третман) и на пациентите кои се уште се лекуваат и тоа со цитостатска и зрачна терапија или со третман со имунотерапија. Силно се препорачуваат зачувување на хигиената и здравјето преку избегнување контакти и присуство во простории со многу луѓе, а преферирана е самоизолација. Носењето маска сега е задолжително за сите, но треба да се знае, барем за онаа обичната, хируршка маска дека е за еднократна употреба и додека е на лице, не смее да се допира или мести, вади и повторно да се враќа на лице. Главните пораки не се поразлични од оние за целата популација, односно кои важат за сите граѓани, само што за онколошките пациенти се засилени и поригорозни. Честото миење раце сега е засилено со препораки и тоа од Светската здравствена организација за правилна и детална хигиена на раце. Посебно се препорачува да се избегнуваат посети од лица од поширокото семејство или пријатели со респираторни симптоми. При движење надвор или на работно место, оние што работат треба да одржуваат растојание од два метра од колегите. За пациентите кои се уште се лекуваат, со цитостатска и зрачна терапија или со биолошка терапија потребно е да се јават кај докторот кој го води третманот за детални информации како е организиран континуитетот на терапијата. Целта на континуираниот третман е да се обезбеди непрекинатост и интензитет на дозата на лекот, за да се избегне негативно влијание на прогнозата на болеста што во моментот се лекува, а воедно пациентот да не се изложи на дополнителен ризик. А за пациенти кои го завршиле својот третман и не се веќе на терапија се препорачува во договор со докторот да ги одложат редовните посети за контролни прегледи и останати потреби./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter