Што треба да се учи на училиште? - Канал 5

Што треба да се учи на училиште?

Современиот начин на живот носи нови предизвици и за училиштата. дали се пропушта децата да се научат на живот? Предметите од наукака треба да се учат, но тоа веќе не е доволно...

Што треба да се учи на училиште?
Британскиот медиумски сајт „The Independent “ неодамна праша група професионалци што би требало децата да учат на училиште за да бидат подготвени за живот.

Изгледа дека е пропуштено многгу, бидејќи децата завршуваат училишта без да се научат на основни животни вештини и вистини кои им се неопходни за понатамошен успешен живот.

Ако тоа не стигнале да го научат дома, многу често кога ќе дојдат до одредена животна ситуација, младите луѓе си го поставуваат прашањето: Ова е толку важно, зошто не ме научија на училиште како да постапам?

Еве некои од предизвиците на современиот живот за чие надминување, според стручњаците, треба да се учи на училиште:

1. Како да се балансира со месечен буџет.

Неопходно е децата да научат финансиска одговорност - како да штедат од месечниот џепарлак ако сакаат нешто да си купат, и што значи ако ги потрошат парите одеднаш за останатиот дел од месецот. Лекциите од оваа област за ученикот денеска ќе бидат од огромно значење за утрешниот бизнисмен, родител, самостоен човек кој ќе треба да прави планови и да ракува со својата заработка.

2. Што значи здрава и балансирана исхрана и као да се подготви

Ако децата од мали се научат каква е разликата меѓу пржените крофни и зеленчукот во поглед на нивното здравје, и ако научат како се подготвува здравата храна, кога ќе основаат семејства ќе знаат што е добра храна за семејството и ќе знаат како да ја подготват.

3. Размислувајте критички!

4. Почитувајте го туѓото мислење!

5. Никогаш не престанувајте да се усовршувате себеси и нештата околу себе.

Технологијата напредува, децата растат со неа, и се што измислил човекот може да се унапреди уште повеќе.


А можеби треба да се размисли за уште една лекција која е неопходна во денешно време - технологијата треба да се користи, но не и да се стане зависен од неа. Неспособноста на луѓето на денешницата - не само децата, и нивните родители, да се „одлепат“ од компјутерте, телефоните и другите направи, ја раскинува врската на луѓето со природата и со другите луѓе. Генерацијата која растела без поврзаност со природата нема да ја сфати потребата од важноста и заштитата на природата. Училиштата треба да го согледаат овој хендикеп на денешните генерации и да го претворат во предност - да изградат личности кои ја имаат предноста на познавање и користење на технологијата, но го задржале и чувството и способноста за реален живот!


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разоткриена мрежа за шверц на кокаин во Европа

Во Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.

Разоткриена мрежа за шверц на кокаин во Европа

Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен.

Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога.

Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија.

Во Белгија откриени 750 килограми кокаин

Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија.

Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни.

Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски.

Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани.

„Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“

Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.

„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“

Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди.

Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение.

Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура.

„Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“.

Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот.

Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни.

Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција.

„Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата.

Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија.

Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција.

„Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој.

Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер