МакедонијаШто треба да прават граѓаните кои после 12 февруари ќе се затекнат во странство со стар пасошМакедонските државјани кои по 12 февруари ќе се најдат во странска држава со неважечки пасоши, во Македонија ќе можат да се вратат со патен лист – велат од македонското МНР. Од таму за Канал 5 појаснуваат дека документот може да се издаде во дипломатско – конзуларните претставништва на земјава по претходна најава. Сепак, додаваат и дека Македонците во странство можат да се сликаат за нови документи, но целата процедурата трае околу 30 дена. Сепак, дел од нашинците во Германија велат дека термини за сликање има дури во јуни или јули, а проблем е и цената на патниот лист кој велат дека чини по 30 евра од човек. Токму затоа, и по истекот на рокот ќе се обидат нови документи да извадат во земјава. -Ќе патуваме од Германија до Македонија со автомобил на крајот од овој месец. Што значи дека веќе ќе биде поминат рокот за промена на документите. Немаме „Северна“ на пасошите, што значи дека за влез во својата матична држава ќе мораме да имаме патен лист. што не беше случај во минатото кога истиот се издаваше само ако патната исправа е изгубена, украдена или оштетена. Впрочем и да сакаме да ги промениме нашите пасоши нема термини набрзо, барем не во Минхен. Еден патен лист чини триесет евра по лице,- - Ивана Лазов – Македонка од Германија. Од обединетата македонска дијаспора пак велат дека не станува збор за неколку изолирани случаи туку за илјадници Македонци во Европа и САД. Од таму велат дека иако патниот лист е опција за враќање во матичната држава, сепак не се исклучени проблеми при патувањето. Дополнително, според нив без нови документи дијаспората ќе има проблем при гласањето на изборите. -Илјадници случаеви, ние мислиме дека се 100 илјади државјаниз засегнати со ова. Но, ние како граѓани сме имале простор од 5 години, а тоа не е направено. Дефинитивно сите они кои се надвор, со стари документи ќе мора да извадат патни листови. Доколку летаат не очекуваме проблем, но доколку транзитираат не се знае. МНР не може да гарантира дека некоја од државите не може да направи проблем,- - Гордан Јорданов – Обединета македонска дијаспора. И од македонското МНР ги повикува Мкедонците кои се во странство а немаат можност да се стекнат со нови патни исправи преку дипломатските претставништва, навремено да се вратат и тоа да го сторат во земјава. Дополнително, од таму и потсетуваат дека по 12 февруари македонските државјани без нови патни исправи нема да имаат можност да ја напуштат земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК. Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаДИК. Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК. Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook