Што точно ќе се изучува по предметот сеопфатно сексуално образование?

Контроверзни содржини или корисна сексуална едукација на децата? Што точно вклучува новата концепција на МОН за сексуално образование во основните училишта?

Многу дилеми се појавија во јавноста откако граѓанското здружение за човекови права „Од нас, за нас“ на социјалните мрежи објави наводни содржини и илустрации од учебници за второ одделение со кои тврдат дека меѓудругото се промовираат хомосексуалноста, трансродовата идеологија и промискуитетот кај децата.

Министерката за образование Мила Царовска и денеска категорична дека се шират лажни вести, а користените илустрации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем.

-На ист став се и од невладината организација „ХЕРА“ која е вклучена во изработката на пилот проектот за сексуално образование. За Канал 5 велат дека овој предмет не се воведува задолжително, туку ќе биде изборна настава во 9 одделение, според сите меѓународни стандарди, за што ќе бидат прашани и родителите на учениците.

- Случајот „Јавна соба“ е еклатантен пример зошто нас ни е потребно сексуално образование. Бидејќи во самата програма за сеопфатно сексуално образование, еден од едукативните модули се однесува на насилството. Во делот на насилството младите ќе имаат можност да научат какви форми на насилство постојат, како да ги препознаат, како да побараат помош., вели Бојан Јовановски за Канал 5.

Јовановски објаснува дека целта на сексуалното образование е младите да научат да се заштитат себеси, како физички така и психички, а не да се менуваат поимањата за трансородови идеологии или хомосексуалности.

- Прашањето во однос на хомосексуализам не се обработува во сексуалното образование како нешто за кое ние сакаме да го промовираме. Она што го учи сексуалното образование е практично да знае дека постојат најразлични групи во општетството, којшто се ранливи, маргинализирани и кон кои треба да се однесуваме со одредена почит и толеранција, изјави Јовановски.

Во новата концепција која е објавена на страната на МОН во делот за „родова сензитивност/рамноправност“ меѓудругото се образложува оправданоста за сексуално образование како придонес за намалување на распространетите родови стереотипи, нееднаквост, дискриминација и насилство.

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот.

Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на 47-те демократи кои гласаа против Кенеди, кој сепак вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинација во обид да ги обезбеди гласовите на неопределените пратеници.

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

-Откако Кенеди ќе положи заклетва подоцна денеска, Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за формирање на комисијата МАХА, именувана по движењето „Направи ја Америка повторно здрава“ на Кенеди, и ќе го упати новиот министер да ја „истражи оваа хронична криза што ја зафати нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, долго време покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините кои помагаат во контролата на болестите со децении и спречуваат смрт на милиони луѓе.

Тој сега ќе раководи со Министерство кое управува со повеќе од три трилиони долари наменети за здравствена заштита.

Одделот, исто така, ги надгледува програмите Medicare и Medicaid, кои обезбедуваат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националниот институт за здравство (НИХ).

Кенеди рече дека сака да работи на ставање крај на хроничните болести, да ги прекине врските меѓу вработените во американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и да го отстрани флуорот од американските резерви на вода.

Противниците тврдат дека тој не е погоден за министер за здравство поради неговата истакната улога во движењето против вакцините.

Кенеди рече дека сака да се ослободи од многу вработени во ФДА и НИХ. /МИА

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

притисни ентер