3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
Шоу бизШто се случило со главата на Андриана Лима? (видео) Нејзината снимка од салата за вежбање ги „запали“ мрежите, нејзините обожаватели повторно ѝ упатија негативни коментари на сметка на изгледот! Супермоделот Адриана Лима (41) од моментот кога се дозна дека е бремена по трет пат со месеци трпи навреди на социјалните мрежи. На обожавателите им пречи тоа што таа драстично се здебели, но и покрај тоа носи фустани што го откриваат нејзиното тело, „како сè уште да во цутот на младоста и убавината“. Дел од нејзините придружници на Инстаграм ѝ рекле дека е „дебела“, „лицето ѝ е деформирано“ и дека „претерано користи филери“. Лима ни најмалку не се осврнува на лошите коментари, но призна дека бременоста на таа возраст тешко ја поднела, дека не успева лесно да се справи со килограмите иако прави сè што е во нејзина моќ. Лима преку видео на својот профил на Инстаграм, порача дека се обидува да го преобликува своето тело со посебен режим на исхрана и интензивни и напорни тренинзи. Во описот на видеото стои дека работи за познатиот тренер @kirkmyersfitness и дека соработката е воспоставена на обострано задоволство. Обожавателите го пофалија нејзиниот изглед, како и огромната желба да се врати во некогашната форма. Меѓутоа, покрај позитивните коментари се појавија и коментари со негативни реакции за нејзиниот сегашен изглед. - Што ѝ се случило воопшто? Знам дека повторно доби бебе и се породи, но оваа трансформација од она што беше и ова сега е очајна! - - Дали ваков напор покрај три деца е нормален? Зошто? – - Главата и лицето ѝ се изобличени - - Воопшто не изгледа здраво и нормално, туку како да се бори до изнемоштеност. Таа е мајка на три деца во четириесеттите, не гледам зошто сака повторно да изгледа како тинејџерка? Знам дека работеше за „Ангелите на Викторија“ кои промовираат одреден изглед, а кога работите за токсична компанија, мора да имате и токсичен начин на размислување - беа само некои од многуте реакции. View this post on Instagram A post shared by Forbes France (@forbes_fr) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоциклиВо септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли. Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: Зајакнати контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook