Што предвидува предлог Законот за прекршоци,како ќе се санкционираат оние кои поседуваат дрога - Канал 5

Што предвидува предлог Законот за прекршоци,како ќе се санкционираат оние кои поседуваат дрога

Покрај оние кои во јавност користат наркотични средства, со 100 до 250 евра ќе се казнуваат и оние кои ги поседуваат за лична употреба, што досега не беше пракса.

Што предвидува предлог Законот за прекршоци,како ќе се санкционираат оние кои поседуваат дрога

Покрај оние кои во јавност користат наркотични средства, со 100 до 250 евра ќе се казнуваат и оние кои ги поседуваат за лична употреба, што досега не беше пракса, ниту впишано во законската регулатива, МВР го допрецизира членот 20 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Во предлог-законот е наведено е дека, оние кои ќе бидат фатени ќе бидат тестирани, а воедно на вага ќе се ставаат и психотропните супстанции кои ги поседуваат. Целта, како што се вели во образложението на подносителот, е да се натераат корисниците да не го повторат прекршокот, но и за посоодветна борба со овој криминал...

-Предметната измена, од една страна ќе овозможи санкционирање на сторителите кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори, а од друга страна може позитивно да влијае на рецидивистите на овој вид на прекршок, посебно одвраќање на нивната намера да поседуваат ваков тип на дроги, супстанци и прекузори, со што ќе се зајакне залагањето на правосудните органи во борба против овој вид на криминал. Со усвојување на предложените решенија ќе се прошири основот за санкционирање во членот 20 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и на поседување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, како и ќе се надминат одредени недоследности од технички карактер- Образложение на предлагачот МВР.

Јанаки Митровски – претеседател на здружението „Билка“ кое се залага за декриминализација на олабавување на одредбите за поврзани со канабисот вели би поддржале секаква иницијатива и прелдог – измени на законот кои одат во таа насока, што сега.,според него, не е случај, оти, наместо кон релаксирање, се оди на поголеми можности за казнување.

-Читајќи ги предлог-измените тие не само што не одат во насока на релаксирање, туку во пракса ќе создадат и теоретски уште поголем проблем затоа што, ако сега се казнува за оддавање на јавно место, предлог измените се за поседување и одавање на јавно место, се казнува со прекршок од 100 до 250 евра што е погрешно, затоа што пракса во светот е да не се казнува личната употреба, поседувањето да не се казнува и тенденција во светот е да се декриминализира канабисот и да се олабават законските одредби,- - Јанаки Митровски – Претседател на „Билка“.

Митровски, кој е адвокат, додава дека казнената политика создава проблеми и во судските процеси, каде посочува дека упатството на Републичкото обвинителство се третира како закон. Односно, ако некој биде фатен со 4,9 грама канабис, неговото поседување се третира за лична употреба, а друг па ако има 5,1 грам, се третира дека поседува за препродажба, што вели е нелогично и не секогаш е случај. Па смета дека треба да има соодветна дистинкција.

Инаку, Законот е објавен на ЕНЕР каде има уште две недели доколку некој сака да даде свои забелешки, а потоа истиот ќе биде доставен до собранието.

Таравари: Ја поднесов оставката, ми беше чест да работам за владата на Македонија

Денес во 15:00 часот, Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка.

Таравари: Ја поднесов оставката, ми беше чест да работам за владата на Македонија

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната писмена оставка:

Почитуван Премиер Мицкоски,

Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Македонија.

Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата.

Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи.

Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес.

Со почит,

Проф. Д-р Арбен Таравари

Министер за здравство

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

За три години во сообраќајни несреќи загинале 457 лица, а над 15.000 се здобиле со потешки последици, покажува извештајот на ДЗР.

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

Според анализата на ревизија мерките и активностите на надлежните институции не биле доволно ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните несреќи. Дополнително, во периодот од 2020 до 2023-та година, не бил намален ниту бројот на повредени лица во сообраќајки.

-Јавно достапните податоци од веб-страницата на МВР упатуваат на загрижувачки состојби во однос на бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата: имено, во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31 176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица,- – Државен завод за ревизија.

Најчестите сообраќајни прекршоци според извештајот, се однесувале на брзо возење, поминување на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување.

Експертот по сообраќај, Игор Митревски за Канал 5 вели дека ваквите бројки не треба да не изненадуваат. Како земја, додава тој, треба многу да работиме и на свеста кај луѓето за нивното однесување во сообраќајот.

Со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви, апелираа и од МВР. Во пресрет на матурските прослави низ земјава, од Министерството преку промотивно видео порачаа – матурантите да ги остават дома своите автомобили и на прослава да заминат без возило и користење на алкохол и наркотични средства.

А токму статистичките податоци на МВР покажале дека во денови кога има матурски прослави, зголемен бил бројот на сообраќајни незгоди во кои голем дел од учесниците се матуранти.

YouTube video

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Од пет случаи на рак еден случај е меланом. Меланомот или рак на кожата е 17 најчест карцином кај населението во светот, се вели во извештајот Институтот за јавно здравје.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Во Македонија од меланом во 2023 година починале 55 луѓе, од 41 маж и 14 жени. Меланомот е почест кај мажите отколку кај жените Иако ризикот од меланом се зголемува со возраста, меланомот е меѓу најчестите видови на рак кај адолесцентите. Дераматовенеролозите велат дека најдобра превентива е самопрегледот на кожата секоја промена на бемка или промена на кожата да се замине на преглед.

Непријател на кожата е сонцето, луѓето треба да се посебно внимателни пред се луѓето со светол тен, обајснува Филиповиќ. Многу често доаѓаат и во рана фаза која е многу значајна за откривање на меланомот.

Експертите велат дека ако продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом на светско ниво ќе се зголеми на 510.000 и на 96.000 смртни случаи до 2040 година.

YouTube video

притисни ентер