Што навистина свекрвата бара од снаата? - Канал 5

Што навистина свекрвата бара од снаата?

Еве што советуваат стручњаците, дали сте спремни на ова?

Што навистина свекрвата бара од снаата?

Кристен Терет, која посебно се занимава со односот снаа и свекрва, меѓу другото и од свое лично искуство, открива малку поразлична слика на односот за кој многумина веруваат дека никако не може да биде квалитетен.

Несогласувањето помеѓу свекрва и снаа веќе стана клише, бидејќи овие две се најважните жени во животот на еден маж, а најчесто не се сакаат. Колку мајката е поприврзана за синот (особено ако е единец), толку е попосесивна, и што и да прави снаата, е апсолутно погрешно. Барем така се чини врежаното народно мислење.

Меѓутоа, стручното лице за меѓучовечки односи Кристен Терет, која ги проучувала односите помеѓу свекрвите и снаите, а делумно врз основа на лично искуство, смета дека тоа не мора да биде така. Таа нагласува дека својата свекрва ја познава повеќе од половина живот, но и дека имала среќа што таа не е класична посесивна мајка, што значително го олеснило нивниот однос.

Кристен верува дека ја нашла „формулата“ за согласување на овие две најважни жени во животот на секој маж. Како што објаснува, има 8 работи што секоја свекрва ги очекува од својата снаа.

1. Снаата како пријателка

Како што растат децата, секоја жена сфаќа дека најмногу време поминува со родителите на децата со кои тие се дружат.

- Сè уште ги сакам моите стари пријатели, но не ги гледам често. Се преселивме во различни градови, нашите деца одат во различни училишта... Се прашувам што ќе се случи кога моите деца ќе се отселат, а јас ќе останам сама. Мојата свекрва, која е сама ппреку 15 години, нема многу добри пријатели надвор од семејството. Ако можам да ѝ бидам пријателка на свекрва ми, треба да бидам и сакам тоа да го направам за неа“, рече Кристен.

2. Да му се олесни животот на сопругот

Во некои бракови, сопружниците си го отежнуваат животот со разни драми, расправии, постојано жалење и несогласувања. Ова има многу лошо влијание врз бракот. Ако нечиј брачен живот е тежок, како тогаш тој да се справи со проблеми како што се болест, губење работа, финансиски проблеми или проблеми со деца тинејџери?

- Сите свекрви сакаат нивните снаи да им го олеснат животот на синовите. Пригответе му ручек или вечера, оставете му љубовна порака на вашиот сопруг, кажете му дека ја цените неговата напорна работа и труд. Било што. Колку е мажот посреќен со вас, толку повеќе ќе ве цени свекрвата - вели Терет.

3. Љубов кон сопругот

Сопругата покажува колку го сака својот сопруг според тоа како зборува за него. Ако го пофалите сопругот пред свекрвата, покажувате колку прекрасен живот имате со него, таа ќе се чувствува горда како мајка што добро го воспитала своето дете. И тоа е најдобрата награда за секоја мајка, нели? Освен тоа, како реагирате вие кога некој ќе го пофали вашето дете, а како реагирате кога некој го критикува? Ставете се на нејзино место и полесно ќе ја разберете.

4. Снаа која знае да слуша

Свекрвата сака снаа која ќе ѝ биде пријателка, а добар пријател е оној кој има способност да слуша.

- Рано сфатив дека на мојата свекрва ѝ е потребен некој кој ќе ја сослуша, со кого ќе разговара за нејзиниот ден, плановите за викенд или претстојните семејни собири. Мора да се потрудите да научите како добро да слушате. Не сум секогаш добра во тоа, но се трудам да ѝ дадам до знаење на свекрва ми дека секогаш може да разговара со мене и дека секогаш ќе најдам време за неа - изјавила Кристен.

5. Не повторувајте ги грешките

Како што нагласила Кристен, нејзината свекрва е свесна за грешките што ги направила при воспитувањето на синот и се труди да не ги повтори со внуците.

- Некои периоди од детството на мојот сопруг не беа убави. Тој поминал низ работи кои ниедно дете не би требало да ги помине, и гледам дека неговата мајка искрено се обидува неговите деца да не мора да ги поминуваат истите работи. Со оглед на сопствените грешки, можам да ѝ простам на свекрва ми за нејзините родителски грешки. На крајот на краиштата, таа сепак создала добар човек и маж за кој се омажив - истакнува таа.

6. Помош околу технологијата

Ова можеби звучи смешно, но постарите луѓе, како вашата свекрва, потешко се снаоѓаат со мобилни телефони, компјутери и сите чуда на технологијата. Очекуваат нивната снаа да им помогне полесно да ги надминат овие проблеми. Бидете трпеливи, научете ја како да ги користи социјалните мрежи за да може да разговара со своите внуци и таа ќе биде благодарна.

7. Прифатете ја различноста

Свекрвата и снаата обично се комплетно различни. Свесно или не, мажот избира жена која е или иста како мајка му по однесување и карактер (што е посебна приказна) или пак некоја која е целосна спротивност на неговата мајка.

- Разликите не мора нужно да бидат лоши. Не можам да се сетам колку пати сум го прегризала јазикот во овие 18 години брак и сум ѝ преќутила некои работи на свекрва ми. Во тој момент тоа не ми одговараше, но долгорочно тоа беше мудар потег. Ваквиот начин на размислување ќе ве спаси од многу проблеми – изјавила Кристен.

8. Љубовта не е натпревар

Љубовта не е натпревар и обидете се тоа да го избегнувате по секоја цена во вашиот брак. Барањата како „таа или јас“ никому нема да му донесат добро и го ставаат мажот што го сакате во небрано помеѓу двете жени кои му се најважни животот.

- Истото важи и за децата и за внуците. Колку пати свекрва ми купила нешто скапо за ќерка ми што не сме можеле да си го дозволиме. Таа ѝ ја исполнила желбата на внуката и тоа треба да се почитува. Грешката што ја прават многу снаи е што веруваат дека нивните свекрви се обврзани да купуваат и да ги исполнуваат желбите на нивните внуци. Не, тоа е прашање на нивната добра волја, а бабата која сака да биде дел од животот на своите внуци заслужува почит - порачува Кристен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението?

Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот.

-Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки.

– Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред.

– Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот.

Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени.

На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер